1 , бидејќи ќе те направам татко на многу народи;
6и многу, премногу ќе те умножам, и ќе издигнам од тебе многу народи, и цареви ќе произлезат од тебе.
7И ќе го поставам заветот Мој меѓу Мене и тебе и меѓу твоите потомци по тебе во нивните родови; ќе направам завет вечен, и ќе ти бидам Бог тебе и на потомците твои по тебе.
8.
16Јас ќе ја благословам, и ќе ти дадам син од неа; ќе ја благословам, и народи ќе потекнуваат од неа, и цареви на народи ќе излезат од неа.“
1718,12; 21,6-9; Јн 8,56Тогаш падна Авраам ничкум и се насмеа, велејќи во себе: „Како може на човек од сто години да му се роди син? Зарем Сара на деведесет години ќе роди?“
18И Авраам Му рече на Бога: „О, барем Исмаил да биде жив пред лицето Твое!“
19А Бог рече: „Навистина, Сара, жената твоја, ќе ти роди син и ќе го наречеш со името Исак; и ќе направам заветот Мој со него да биде завет вечен, и на потомството негово по него.
2025,12-16А и за Исмаил те послушав; еве, го благословувам, и ќе го направам плоден, и многу ќе го умножам, многу; и ќе роди дванаесет кнезови, и од него ќе произлезе голем народ.
2118,14А заветот Мој со Исак ќе го направам кога ќе ти го роди Сара, догодина во ова време.“
22Па, откако Бог го изговори тоа, се издигна Бог од Авраам.
23Авраам, пак, го зеде Исмаил, синот свој, и сите родени во домот негов, и сите купени, и сите машки домашни, им обреза крајче од телото нивно во истиот ден, како што му рече Бог.
24Авраам имаше деведесет и девет години кога му беше обрезано крајче од телото негово.
25А Исмаил, синот негов, имаше тринаесет години кога му беше обрезано крајче од телото негово.
26Во истиот ден беа обрезани Авраам и син му Исмаил,
27а со него заедно беа обрезани и сите домашни машки, како робовите, родени во неговиот дом, така и купените од туѓинци.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
