2 Летописи 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Пророштвото на Шемаја

1Ровоам пристигна во Ерусалим и свика од Јудиниот и Венија­миновиот дом сто и осумдесет илјади одбрани војници, за да војуваат против Израел и да му го вратат царството на Ровоам.

2И дојде слово Господово до Шемаја, човекот Божји, со кое беше речено:

3„Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, цар јудејски, и на сиот Израел во Јудиното и Венијамино­вото племе:

4вака вели Господ: ‚не одете и не почнувајте војна со браќата свои; вра­тете се секој во домот свој, зашто Јас го направив тоа.‘“ Тие ги послушаа збо­ровите Господови и се вратија од походот против Јеровоам.

Ровоам ги утврдува градовите

5Ровоам живееше во Ерусалим и ги загради градовите во Јудеја со ѕидови.

6Ги утврди Витлеем, Етам, Текоа,

7Бет-Цур, Сохо, Адулам,

8Гет, Мареша, Зиф,

9Адораим, Лакиш, Азека,

10Ис.Н. 10,20Цора, Ајалон и Хеврон, што беа на Јудиното и на Венијаминовото племе.

11Ги зацврсти тие тврдини и по­стави во нив началници и складишта со жито, масло и вино.

12И на секој град му даде штитови и копја и ги зацврсти прилично добро. Под него останаа Јуда и Венијамин.

Свештениците и левитите доаѓаат во Јудеја

13 4 Мојс 35,2 Свештениците и левитите, колку што ги имаше по целата земја израел­ска, се собраа кај него од сите краишта,

144 Мојс 35,2-5зашто левитите ги оставија селата свои и имотите свои и дојдоа во Јудеја и во Ерусалим, бидејќи Јеровоам и синовите негови ги отстранија од свеш­тенството Господово

153 Мојс 17,7; 1 Цар 12,31; 13,33и си поставија пагански свеште­ници во идолските светилишта на ридовите, за идолите и за телињата што тој ги на­прави.

16А по нив и од сите племиња израелски, кои го управија срцето свое да Го бараат Господ, Бог Израелов, одеа во Ерусалим, за да Му принесат жртви на Господ, Бог на нивните предци.

17Тие го зацврстија царството Јудино и го поддржуваа Соломоно­виот син Ровоам три години, зашто одеа по патот на Давид и Соломон во тие три години.

Семејството на Ровоам

18Ровоам си ја зеде за жена Маха­лата, ќерката на Јеримот, син Давидов, и на Авихаил, ќерка на Ели­јав, син на Јесеј;

19И таа му ги роди синовите: Јеус, Шемарија и Захам.

201 Цар 15,2По неа тој ја зеде Мааха, ќерка Авесаломова, и таа му ги роди Авија, Атај, Зиза и Шеломит.

215 Мојс 17,17Ровоам ја сакаше Мааха, Аве­саломовата ќерка, повеќе од сите свои жени и прилежници, зашто тој имаше осумнаесет жени и шеесет прилежници, и роди дваесет и осум синови и шеесет ќерки.

225 Мојс 21,15-17Ровоам го постави Авија, синот на Мааха, за началник и кнез над бра­ќата свои, зашто сакаше да го напра­ви цар.

23Па мудро работејќи, тој ги рас­прати сите синови свои по сите земји на Јуда и Венијамин, по сите утврдени градови, им даде многу храна и за нив доведе многу жени.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help