1А по две години сони сон фараонот – како стои крај една река.
2И одеднаш – од реката излегоа седум убави и дебели крави, па почнаа да пасат во мочуриштето;
3а по нив, потоа, од реката излегоа други седум крави, грди и слаби и застанаа кај другите крави на брегот.
4И грдите и слаби крави ги изедоа оние седум убави и дебели крави. Тогаш се разбуди фараонот.
5Потоа пак заспа и сони втор сон, а тоа – седум класја израснаа од едно стебло, јадри и убави;
6а по нив израснаа седум празни, исушени од ветар.
7Потоа празните и исушените класја ги изедоа седумте големи и јадри класја. Тогаш фараонот се разбуди, но тоа беше сон.
8;
18и одеднаш – од реката излегоа седум дебели и убави крави, па почнаа да пасат во мочуриштето;
19и ете, по нив други седум крави излегоа, многу грди и слаби во телото, не сум видел толку грди во целата земја египетска.
20И оние крави, слаби и грди, ги изедоа оние седум дебели.
21А кога им беа во стомакот, не се познаваше дека им се во стомакот, туку пак беа така грди како порано. Тогаш се разбудив.
22Па пак сонив, а тоа – седум класја израснаа од едно стебло, јадри и убави;
23а по нив израснаа седум тенки и празни класја, исушени од ветар.
24И празните класја ги проголтаа седумте убави класја. И сево ова им го раскажав на гаталците, но ниеден не знаеше да ми објасни.“
25 И го постави над целата земја египетска.
44И фараонот му рече на Јосиф: „Јас сум фараон, но без тебе никој нема да крене рака, ни нога во целата земја египетска.“
4546,20И го нарече фараонот Јосиф Цафенат-Панеах; и го ожени со Асената, ќерката на Потифера, свештеник од Он.
46А Јосиф имаше триесет години, кога се претстави пред фараонот, царот египетски. И, откако отиде од фараонот, тој ја обиколи целата земја египетска.
47И за седум родни години земјата роди во изобилство.
48И собираше Јосиф за тие седум години секаков вид жито, што го даваше египетската земја, и го носеше житото во градовите; во секој град го носеше житото од околните ниви.
49Така насобра Јосиф многу жито, колку што е песокот морски, така што престанаа да го мерат, зашто немаше број.
50А пред да настанат гладните години, му се родија на Јосиф два сина, кои му ги роди Асената, ќерката на Потифера, свештеник од Он.
5148И на првородениот Јосиф му стави име Манасија, велејќи: „Зашто Бог ми овозможи да ги заборавам несреќите мои и целиот дом на мојот татко.“
52А вториот го нарече Ефрем, велејќи: „Бидејќи Бог ме направи плоден во земјата на маките мои.“
53Но изминаа седумте родни години во египетската земја,
54Пс 105,16; Дела 7,11и настапија седумте гладни години, како што беше рекол Јосиф. И настана глад по сите земји, а во целата египетска земја имаше леб.
55Јн 2,5Но, кога почна да гладува и египетската земја, народот му бараше на фараонот леб. А фараонот им рече на сите Египќани: „Одете кај Јосиф, па како што ќе каже тој, така правете.“
56А кога гладот се прошири во целата земја, ги отвори Јосиф сите житници и почна да им продава на Египќаните жито, бидејќи настана голем глад во египетската земја.
57И од сите земји доаѓаа во Египет да купуваат жито од Јосиф, зашто настана голем глад по целата земја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.