1Трпеливо се надевав на Господ, и Тој се наклони над мене и ја чу молитвата моја,
2и ме изведе од длабината на јазот и од длабока тиња, па ги постави нозете мои на камен и ги зацврсти стапалата мои;
318,4; 69,2; Ер 38,6а во устата моја вложи нова песна – похвала за нашиот Бог. Мнозина ќе видат, и страв ќе ги опфати и ќе се надеваат на Господ.
433,3Блажен е оној човек што верува во Господ и не се обраќа кон горделивите, кон оние што застрануваат по лажни богови.
51,1; Ер 17,7Многу чудесни дела си направил, Господи, Боже мој, многу мисли чудесни – кој може да се спореди со Тебе!? Почнав да ги објавувам и да зборувам за нив, но тие број немаат!
635,10; 71,15; 139,17-18; Јн 21,25Жртви и приноси Ти не бараш, но ушите ми ги отвори; сепаленица и жртва за грев Ти не побара.
750,8-10; 51,16-19; 69,30-31; Ос 6,6; Амос 5,22Тогаш реков; еве, идам; во свитокот на книгата за мене е напишано;
8Јн 5,39со задоволство ќе ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; Твојот закон е во срцето мое.
9Ја објавив Твојата правда во големото собрание; не ѝ бранев на устата моја; Ти го знаеш тоа, Господи.
1035,18; 107,32Твојата правда не ја сокрив во срцето мое, ја објавив верноста Твоја и спасението Твое; и не ги затаив Твојата милост и Твојата верност од собранието.
1178,4Но, Господи, не отстранувај го милосрдието Твое од мене; Твојата милост и Твојата верност нека ме пазат постојано,
1225,21зашто зла безбројни ме опкружија; ме притиснаа беззаконијата мои, и не можев дури ни да гледам, – тие се повеќе од влакната на главата моја; а и срцето мое ме остави.
136,7; 38,4.10; 69,4Благоволи, Господи, да ме избавиш; Господи, побрзај ми на помош!
1422,19; 70,1-5Нека се засрамат и нека поцрвенат сите, кои бараат да ја погубат душата моја! Нека бидат вратени назад и нека бидат предадени на потсмев оние, кои ми сакаат зло.
1535,4.26Нека се скаменат од срам оние, кои сакајќи да ми се наругаат велат: „Аха! Аха!“
1635,21.25А нека се зарадуваат и нека се развеселат во Тебе сите, кои Те бараат, и оние што сакаат спасение од Тебе непрестајно нека зборуваат: велик е, велик – Господ!
1735,27; 69,6.32; 104,1А јас сум сиромав и беден; но Господ се грижи за мене. Ти си помошник мој и заштитник мој, Боже мој, не задоцнувај.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.