1„Роден од жена, човекот е кратковечен и презаситен од неволји:
2Ис 40,6-8; Пс 37,2; 41,1-4како цвеќе никнува и бргу овенува; како сенка бега и не се запира.
3Пс 8,4; 144,3И врз него ли ги отвораш Ти очите Свои, и пред Себе на суд го водиш?
44,17; 9,30; 15,14; 25,4; Пс 51,6Кој ќе се роди чист од нечист? Ниеден!
5Пс 144,4; Проп 6,12Па кога дните му се определени, кога бројот на месеците од Тебе зависи, ако си му определил меѓа, преку која не може да мине,
69,30-31; 15,14тогаш оддалечи се од него: нека си здивне додека како наемник не го заврши денот свој.
7Ис 6,13За дрвото сепак има надеж, бидејќи тоа, макар и да биде пресечено, пак ќе оживее, фиданки од него непрестајно избиваат,
8макар и да е остарен коренот негов во земјата, и пенушката да му замрела во прав,
9но штом ќе осети вода, тоа дава младици и пушта фиданки, како да е одново посадено.
10Проп 3,21А човекот умира и истлејува; си оди, и каде е тој?
11Ис 19,5; 51,6; Пс 102,26Истечуваат водите од езерото, и реката секнува и пресушува:
12така и човекот ќе легне и нема да стане; до свршетокот на небото нема да стане и нема да се разбуди од својот сон.
13Ис 26,20; Амос 9,2О, да беше ме сокрил и криел во пеколот, додека да мине гневот Твој, да беше ми одредил рок и после да си спомнеше за мене!
147,1Кога ќе умре човек, ќе живее ли пак? Во сите денови на одреденото време би чекал додека ми дојде смената.
15Ти би викнал, и јас би Ти дал одговор, и Ти би покажал благоволение кон созданието на Твоите раце;
1610,6; 31,4а сега ги броиш стапките мои и го демнеш секој мој грев;
179,30-31во свиток го запечати беззаконието мое, и секоја вина моја ја запиша.
1816,12; 18,4Но планината паѓајќи се урива, и карпата се поместува од местото свое;
19водата ги излижува камењата; сливот го одвлекува земниот прав: така ја уништуваш Ти и надежта на човекот.
20Го притискаш докрај, и тој заминува; го менуваш лицето негово и го испраќаш.
2121,21На почит ли се децата негови – тој не знае; унижени ли се – тој не забележува;
22но плотта на него боледува, и душата во него страда.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
