Еремија 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Услови за враќање на Израел

1 3,4; Јоил 2,12 Ако сакаш да се обратиш, Израеле, вели Господ, обрати се кон Мене; и ако ги отклониш гадотиите од пред Моето лице, и престанеш да скиташ,

212,16; 5 Мојс 6,13; Ис 65,16; Мт 5,16и ако се заколнеш: вистински верно и праведно: жив е Господ, тогаш народите ќе бидат благословени и со Него ќе се фалат.

3Ос 10,12; Мт 13,22Зашто вака им вели Господ на луѓето од Јудеја и од Ерусалим: изорај­те си нови ниви и не сејте меѓу трње.

49,25; 17,9Обрезете се заради Господ и симнете го крајчето од срцето свое, луѓе Јудини и ерусалимски жители, за да не се јави Мојот гнев како оган и да не пламне неизгасливо поради вашите злодела.

Најава за неволја

5 4,19; 51,27 Објавете во Јудеја, и разгласете во Ерусалим, говорете и трубете со труба по земјата; викајте силно и велете: соберете се, и да влеземе во утврдените градови.

6Кренете го знамето кон Сион – бе­гајте, не запирајте се, зашто Јас ќе донесам од север зло и голема погибел.

7Наум 2,12Излегува лав од својот честар, тргнува истребителот на народите: тој излегува од местото свое, за да ја напра­ви земјата твоја пустина, градовите твои ќе бидат сосипани, ќе останат без жители.

86,26; Ис 15,3Затоа опашете се со вреќиште, пла­чете и ридајте: јароста на Господовиот гнев не се одврати од нас!

9И во тој ден, вели Господ, ќе замре срцето на царот и срцето на кнезовите, ќе се ужаснат свештениците и ќе се вчудоневидат пророците.

10И реков: „О, Господи Боже, зар Ти само го лажеше овој народ и Ерусалим кога велеше: ‚мир ќе има кај вас‘; а, меч допре до гушата?“

Неволјата доаѓа

11 51,1; Ос 13,15 Во тоа време ќе му биде речено на тој народ и на Ерусалим: топол ветар дува од пустинските височини врз патот на ќерката на Мојот народ, не за да вее, ниту да очистува.

12И оттаму ќе дојде ветар посилен од овој, и Јас ќе искажам суд над нив.

13Ез 38,9; Наум 2,5; Авак 1,8; Плач 4,19Ете, се крева тој како облак, и ко­лите му се како виор, коњите му се побрзи од орли; тешко ним! Зашто ќе бидат сосипани!

14Ис 1,16; Ез 18,31; Јк 4,8Измиј го злото од срцето свое, Ерусалиме, за да се спасиш: до кога ќе борават во тебе злосторнички мисли?

15Зашто веќе се разнесува глас од Дан, и погибелна вест – од Ефремовата Гора:

16јавете им на народите, известете го Ерусалим дека идат од далечна земја опсадувачи и со викања ги заземаат гра­довите на Јудеја.

17„Како чувари на нивите го оградуваат од сите страни, зашто тој се крена против Мене, вели Господ.

182,17.19; Пс 107,17Тоа ти го направија твоите патишта и делата твои; од твојата нечесност ти е толку горчливо, што допира до срцето твое.“

Видение за казната

19 13,17; 2 Цар 8,11; Авак 3,16; Плач 1,20 „Утробо моја! Утробо моја! Нажа­лен сум до дното на срцето свое, се бранува во мене срцето мое, не можам да молчам; зашто ти слушаш, душо моја, звук од труба, боен повик.

2014,17; Ез 7,26Зло по зло, целата земја се опусто­шува, ненадејно беа соборени шаторите мои, за миг – колибите мои.

21До кога ќе гледаме знаме, и ќе слу­шаме трубен звук?

225,21; 8,7; 5 Мојс 32,28; Ис 27,11; Ос 4,6; Пс 82,5; Лк 24,25Тоа произлегува оттаму, што вода­чите на Мојот глупав народ не Ме по­знаваат: тие се безумни синови, и нема во нив расудување: вешти се за зло, но не умеат да вршат добро.

23Ја гледам земјата – и ете, таа е разорена и пуста, – небесата, и нема на нив светлина.

24Суд 5,5; Наум 1,5; Пс 46,2-3Ги гледам горите – и ете, тие тре­перат, и сите ридови се нишаат.

25Гледам – и ете, нема човек и сите небески птици одлетале.

263 Мојс 26,34; Пс 107,34Гледам – и ете, плодното поле е пус­тина, и сите негови градови се сосипани од лицето Господово, од јароста на гне­вот Негов.

Пропаст на Ерусалим

27Зашто вака рече Господ: – целата земја ќе биде опустошена, но целосно истребување нема да извршам.

2812,4; Ис 50,3Ќе заплаче земјата поради тоа, и небесата ќе се затемнат, зашто Јас ре­ков, Јас решив, и нема да се покаам, ниту ќе отстапам од тоа.

29Од викот на коњаници и на стрелци ќе се разбегаат сите градови: тие ќе отидат во густи шуми и ќе се искачат на карпи; сите градови ќе бидат напуш­тени, и во нив никој нема да живее.

302 Цар 9,30; Јов 42,14; 30,14; Ез 23,22А ти, опустошена, што ќе правиш? Макар и да се облекуваш во пурпур, и да се украсуваш со златни накити, да си ги украсуваш со боја очите свои – залудно ќе се украсуваш: те презираат љу­бовниците твои – душата ти ја бараат.

316,24; 48,41; Ис 1,8.15; Пс 88,9; Плач 1,17Зашто Јас слушам глас како од же­на при породување, стенкање како на прворотка, глас на ќерката Сионска; таа стенка, протегајќи ги рацете: о, тешко мене, душата моја примира пред убијците!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help