1 4,16 И Господ му рече на Мојсеј: „Ете, Јас те поставив да му бидеш Бог на фараонот; а Арон, братот твој, ќе ти биде пророк.
2Ти ќе зборуваш сѐ, што ќе ти заповедам, а Арон, пак, братот твој, ќе му зборува на фараонот да ги пушти синовите на Израел од земјата своја.
33,20; 4,21; 10,1; Пс 135,9; Дела 7,36; Рим 9,18Но Јас ќе го ожесточам срцето на фараонот, и ќе ги умножам знаците Мои и чудата Мои во египетската земја.
43,20; 6,26; 7,13.16.22; 8,11.15; 9,12; 11,9; Дела 7,36Фараонот сепак нема да ве послуша. Но Јас ќе ја ставам раката Своја над Египет и со силата Моја ќе го изведам воинството Мое, народот Мој, синовите на Израел, од земјата египетска со страшни осуди.
53,20; 6,2; Пс 138,7И ќе познаат сите Египќани дека Јас сум Господ, кога ќе ја протегнам раката Своја над Египет и кога ќе ги изведам синовите на Израел од нивната средина.“
67,2.10.20; 1 Мојс 6,22И направија така Мојсеј и Арон: како што им заповеда Господ, така направија.
75 Мојс 31,2; 34,7; Дела 7,23.30Мојсеј имаше осумдесет години, а Арон – осумдесет и три години кога зборуваа со фараонот.
Фараонот одбива да ги послуша Мојсеј и Арон8И Господ им рече на Мојсеј и на Арон, велејќи:
94,2-5; 5 Мојс 6,22; Пс 105,27; 135,9„Ако фараонот ви каже: ‚Направете некакво чудо‘, тогаш кажи му на Арон: ‚Земи го стапот твој и фрли го пред фараонот и тој ќе стане змија.‘“
10Потоа Мојсеј и Арон дојдоа кај фараонот и направија така, како што им заповеда Господ. И го фрли Арон стапот свој пред фараонот и пред слугите негови, и тој стана змија.
117,22; 8,3.14; 22,17; 5 Мојс 18,10; 2 Цар 21,6; Ис 2,6; 47,12; Ер 27,9; Мал 3,5; 2 Тим 3,8Тогаш фараонот ги повика мудреците и волшебниците; и тие го направија истото со своите волшебништва.
12И секој од нив го фрли својот стап и тие станаа змии; меѓутоа стапот Аронов ги проголта нивните стапови.
134,21; 7,4Но срцето фараоново се стврдна и не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.
Прва казна: водата се претвора во крв14 7,22; 8,11.28; 9,7; 10,1.20.27 И Господ му рече на Мојсеј: „Тврдо е срцето фараоново; и нема да го пушти народот.
158,16Појди утре кај фараонот. И ете, тој ќе излезе до водата, и пресретни го на речниот брег; стапот, пак, што се претвори во змија, земи го во раката своја.
163,18; 7,4И речи му: Господ, Бог на Евреите, ме испрати кај тебе да ти кажам: ‚Пушти го народот Мој за да ми изврши служба во пустината!‘ Но ти, ете, досега не Го послуша.
174,9; 7,19-21; Пс 78,44; 105,29; Откр 11,6; 16,4Затоа Господ вели: ‚По ова ќе познаеш дека Јас сум Господ.‘ Еве, со стапов, што ми е во раката; ќе удрам по водата, што е во реката, и таа ќе стане крв.
187,21.24; Ис 19,6; Пс 78,44И рибите што се во реката ќе изумрат, и реката ќе се усмрди, а Египќаните не ќе можат да пијат вода од реката.“
194,2Му рече Господ на Мојсеј – „Кажи му на Арон: ‚Земи го стапот свој и пружи ја раката своја над водите египетски: над реките нивни, над потоците нивни, и над езерата нивни, и над сите нивни собиралишта на води; и тие ќе се претворат во крв. И сѐ ќе стане крв по целата египетска земја, и во дрвените и во камените садови.‘“
207,6; 17,5; Пс 78,44; 105,29; Откр 8,8-11; 16,3-7И направија Мојсеј и Арон така, како што заповеда Господ. И го зеде Арон стапот свој, па удри по речната вода пред очите на фараонот и слугите негови. И сета речна вода се претвори во крв.
21И изумреа рибите, што беа во реката, и се усмрди реката, така што Египќаните не можеа да пијат вода од реката; и крв имаше по целата египетска земја.
227,11.13.14; 8,15; Пс 105,28; Мт 24,24Но и врачевите египетски го направија истото со своето вражање. И срцето на фараонот се ожесточи и тој не ги послуша нив, како што им беше рекол Господ.
23Потоа се сврте фараонот и си отиде дома; и ни од тоа не се поучи тој.
247,18А Египќаните, сите, почнаа да копаат околу реката, барајќи вода за пиење; зашто не можеа да пијат вода од реката.
25И така изминаа седум дена, откако Господ ја казни реката.
Втора казна: страдање од жаби26 3,12; 4,23; 5,1; 9,1 Потоа Господ пак му рече на Мојсеј: „Оди кај фараонот, и речи му – вака вели Господ: ‚Пушти го народот Мој, да Ми изврши служба.‘
27Пс 78,45; 105,30; Откр 16,13А ако не се согласиш да го пуштиш, еве, Јас ќе ја казнам целата земја твоја со жаби;
2810,16; 12,34и реката ќе се исполни со многу жаби, и тие ќе излезат и ќе влезат кај тебе дома, и во твојата спална, и во постелата твоја, и во куќите на слугите твои и народот твој, и во печките твои, и во ноќвите твои.
29Врз тебе ќе скокаат жаби и врз народот твој и врз слугите твои.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.