2 Летописи 2 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 5 Мојс 12,5 И собра Соломон седумдесет илјади носачи и осумдесет илјади каме­ноделци во горите и надгледници над нив – три илјади и шестотини.

22 Сам 5,11; 1 Лет 14,1Тогаш Соломон испрати гласници да му кажат на тирскиот цар Хирам: „Како што правеше со татко ми Давид и му испраќаше кедар, за да си изгради дом за живеење, така направи и со мене.

32 Мојс 25,30; 29,42; 30,7; 4 Мојс 28,14; 5 Мојс 12,5Еве, јас градам дом на името Гос­подово, мојот Бог, да го посветам Нему, за да се кади пред Него миризливо кадиво, да се поставуваат постојано приносни лебови и да се принесуваа таму сепаленици наутро и навечер, и во саботите, новоме­сечијата и празниците на Господ, нашиот Бог, што му е заповедано засекогаш на Израел.

42 Мојс 12,12; 1 Лет 16,25; 22,5Домот, што го градам, ќе биде го­лем, зашто голем е нашиот Бог, погоре е од сите богови.

51 Цар 8,27; Ер 23,24Та кој може Нему да Му изгради дом, кога небото и небесата над небесата не можат да ја соберат Неговата сла­ва? И кој сум јас, па да можам да Му изградам дом, освен за кадење пред лицето Негово?

62 Мојс 35,31Па така, испрати ми сега човек, што знае да прави изработки од злато, од сребро, од бакар и од железо и од пурпурна, црвена и сина преѓа и кој знае да реже, за да работи заедно со уметниците, какви што има во Јудеја и во Ерусалим, а кои ги приготви татко ми Давид.

7И испрати ми кедрови дрва и ки­парис и сандалово дрво од Ливан, зашто знам дека твоите слуги умеат да сечат леванонски дрвја. Ете, моите слуги ќе одат со твоите слуги,

8за да ми подготват многу дрва, за­што домот што го градам, ќе биде го­лем и величествен.

9Езд 3,7А на дрводелците, твоите слуги, што ќе ги сечат дрвјата, ќе им дадам за хра­на: дваесет илјади мери пченица и дваесет илјади мери јачмен, дваесет илјади мери вино и дваесет илјади мери масло.“

101 Цар 10,9И Хирам, царот тирски, одговори со писмо, кое му го испрати на Соло­мон: „Затоа што го засака Својот народ, Господ те постави за цар над него.“

11Неем 9,6И уште рече Хирам: „Благосло­вен Господ, Бог Израелов, Кој го создал не­бото и земјата и му дал на Давид мудар син, учен и разумен, кој се готви да Му гради дом на Господ и дом царски за себеси.

121 Цар 7,13Па така, ти испраќам човек, надарен со знаења, слугата мој Хи­рам-Авиј,

132 Мојс 31,6; 35,31.35син на жена од Дановите ќерки, а од татко Тирец; тој знае да прави изработки од злато и од сребро, од ба­кар и од железо, од камен и од дрво, од пурпурна и сина преѓа, од висон и од багреница и да реже секаква резба и да прави сѐ што ќе му биде порачано, заедно со твоите уметници и со уметниците на мојот господар Давид, твојот татко.

14Езд 3,7А пченицата и јачменот, маслото и виното, што ги ветуваш, испрати ги, господаре мој, на своите слуги.

15Ис.Н. 19,46Ние, пак, ќе насечеме дрва од Ли­ван колку што треба, и ќе ги до­несеме на скели по морето во Јафа, и ти ќе ги пренесеш горе во Ерусалим.“

Почеток на градење на храмот(1 Цар 6,1-38)

16 2 Сам 24,2; 1 Лет 22,2 И ги собра Соломон сите придојдени, што беа тогаш во израелската земја, според пописот што го беше направил татко му Давид, – и излегоа сто педесет и три илјади и шестотини.

17Од нив Соломон определи седум­десет илјади за носачи, осумдесет илјади за каменоделци во горите и три илјади и шестотини за надгледници, за да настојуваат народот да работи.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help