Ефесјаните 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Дејноста на Павле меѓу нејудејците

1 4,1; Фил 1,7.13; Кол 4,18 Затоа сум јас, Павле, затвореник на Исус Христос за вас незнабошците.

2Кол 1,25-26Бидејќи ја чувте распределбата на благодатта Божја, која ми е дадена за вас,

31,9-10односно дека преку откровение Бог ми ја соопшти тајната, како што и по­го­ре ви напишав накратко.

4Рим 9–11

Кол 1,26Читајќи го тоа, можете да разберете како сум ја сфатил тајната на Христос,

52,20; Јн 14,26која, на синовите човечки од по­ра­нешните поколенија не им беше објавена како што сега се откри на Неговите свети апостоли и пророци преку Светиот Дух,

62,11.13.18-19за да бидат и незнабошците сонас­ледници, делови на едно тело, и соучесници на ветувањето Божјо во Христос Исус преку Евангелието,

7Кол 1,23-25на кое му станав слуга според дарот на благодатта Божја, дадена по дејство на Неговата сила.

81 Кор 15,9-10; Гал 1,16; 1 Тим 1,15Мене, најмалиот од сите светии, таа благодат ми се даде – да им го про­по­ве­дам на незнабошците неискажливото богатство Христово,

9Кол 1,26и да расветлам на сите во што се состои распределбата на тајната, криена од векови во Бога, Кој создаде сѐ преку Исус Христос,

101 Кор 2,7-9; 1 Птр 1,12та многуликата мудрост Божја да им се објави сега преку Црквата на на­чалствата и властите небесни,

111,4.11според предвечната одлука, која Тој ја изврши во Христос Исус нашиот Гос­под,

122,18; Евр 4,16во Кого, преку верата во Него, има­ме слобода да се доближуваме со доверба.

13Кол 1,24Поради тоа, ве молам, не паѓајте со духот пред моите маки заради вас, кои се ваша слава.

Христовата љубов

14 1,17-18 Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос,

15од Кого се именува секој род на не­бесата и на земјата,

16Рим 7,22да ви даде, по богатството на Сво­ја­та слава, сила да се утврдите преку Не­говиот Дух во внатрешниот човек,

17Јн 14,23; Рим 8,11; Кол 1,23; 2,7и преку верата Христос да се всели во срцата ваши,

18Кол 2,2та вкоренети и утврдени во љубовта да можете да разбирате со сите светии што е ширина и должина, што е дла­бо­чина и височина,

191 Кор 13; Гал 4,9и да ја осознаете Христовата љубов што го надминува секое знаење, за да се исполните со сета полнота Божја.

20Јуда 1,24-25А на Оној Кој, според силата што во нас дејствува, може да изврши изобилно сѐ што ќе побараме или помисли­ме,

21Рим 16,24Нему нека е слава во Црквата пре­ку Исус Христос во сите родови и за си­те векови. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help