Софонија 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Грешниот Ерусалим

1Тешко на непокорен, осквернет и насилнички град!

2Амос 4,6Не слуша повик, не прифаќа поука, не се надева на Господ, не се приближу­ва до својот Бог.

3Ез 22,25-26; Изреки 28,15Кнезовите негови се како лавови што рикаат, судиите негови – вечерни волци, кои до утрината не оставаат ниту една коска.

4Ер 6,13; Ос 9,7Пророците негови се луѓе лесномислени, неверни; свештениците негови ја осквернуваат светињата, ги кршат законите.

55 Мојс 32,4; Ер 6,15; Пс 101,8Господ е праведен среде него, не врши неправда, секое утро го произнесува Својот суд на видело, но беззаконикот не знае за срам.

6Јас ги истребив народите – разруше­ни им се тврдините; ги опустив улиците нивни, така што никој не оди по нив; разорени се градовите нивни: нема ниту еден човек, нема жител.

7Амос 4,6Јас реков: „Можеби ќе се исплаши од Мене, ќе прими поука; не е можно да ги заборавиле бројните Мои походи.“ Но, не! Тие грижливо се трудеа да ги расипат сите свои дела.

Народите пред Господ

8 1,18; Ис 14,26 И така, чекајте Ме, вели Господ, до оној ден, кога ќе се кренам како судија; што Јас одлучив да ги соберам народите, да ги свикам царствата, за да го излијам врз нив Мојот гнев, сета јарост на Мојот гнев; зашто од огнот на јароста Моја ќе биде уништена целата земја.

9Мал 1,11Тогаш Јас пак ќе им дадам на чистите народи уста да го призовуваат името на Господ и да Му служат еднодушно.

10Ис 18,7Од краиштата отаде реките на Етиопија поклониците Мои – Моите растурени деца – ќе Ми принесат да­рови.

11Ис 54,4; Пс 3,4Во тој ден ти нема да се срамуваш за твоите бунтовни постапки, со кои грешеше против Мене, зашто тогаш Јас ќе ги отстранам од твојата средина горделивите фалбаџии и нема повеќе да се гордеат на Мојата света гора.

122,3; Ис 14,32Но ќе оставам среде тебе народ скромен и понизен, и тие ќе бараат за­крила во името Господово.

13Ис 53,9; Откр 14,5Остатоците од Израел нема да вр­шат неправда, нема да зборуваат лага, и во устата нивна нема да се најде јазик сплеткарски. Тогаш ќе пасат и ќе лежат, и никој нема да ги вознемирува.

Радосна песна

14 Ис 12,6; 54,1; Зах 2,14; 9,9 Радувај се, ќерко Сионова, ликувај, Израеле, весели се и радувај се од сѐ срце, ќерко ерусалимска:

15Ис 40,2; Ер 8,19Господ ја одмени пресудата над тебе, го изгони непријателот твој. Гос­под, Царот Израелов, е среде тебе: нема повеќе да се плашиш од зло.

16Ис 35,3-4Во оној ден ќе му речат на Еруса­лим: „Не бој се“ и на Сион: „Да не за­слабнат рацете твои.“

17Ис 12,6; 62,5; Ер 32,41Господ, твојот Бог, е среде тебе. Тој е силен да те спаси; ќе се развесели за тебе со радост, ќе те обнови според љубовта Своја, ќе се гордее за тебе со песни,

Божјо ветување за Неговиот народ

18 Плач 2,6 како на празничен ден. Ќе ја от­странам неволјата од тебе, за да не го носиш повеќе срамот.

19Ез 34,11.16Ете, Јас ќе ги притеснам сите твои мачители во она време, ќе го спасам она што е куцо, ќе ги соберам расеаните и ќе им дадам чест и слава по целата зем­ја, каде што беа под срам.

20Ер 32,37; Мих 4,6Во она време ќе ве доведам, во она време ќе ве соберам вас, зашто ќе ве направам прочуени и почитувани меѓу сите народи на земјата, кога ќе ја изменам вашата судбина пред очите ваши, вели Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help