1 4 Мојс 23,1-6; Ис 21,6-8; Ер 6,17; Ез 3,17 Ќе застанам на стража, ќе се качам на кулата за да набљудувам за да разберам, што ќе ми каже Тој, и што ќе ми одговори на моите поплаки.
2Ис 8,1; Ер 30,2; Откр 1,19Ми одговори Господ и ми рече: Запиши го видението и одбележи го на плочи јасно, та оној, што ќе чита, да може да го прочита;
34 Мојс 23,19; Евр 10,37; 2 Птр 3,4-10зашто видението се однесува на определеното време; тоа зборува за свршетокот и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, зашто ќе наиде и нема да забави.
4Рим 1,17; Гал 3,11; Евр 10,38И ете, гордата душа ќе пропадне, а праведникот ќе живее преку верата.
Маки за лошите луѓе5 Ис 5,14; Ер 27,7; Изреки 27,20 Богатството е подмолно; горделивиот нема да се одржи: тој ја раширува устата своја како пеколот, и ненаситен е како смртта; ги собира кај себе сите народи и ги ограбува сите племиња.
6Ис 5,8; 14,4; Мих 2,4; Лк 6,24-26; Откр 8,13Нема ли сите тие да го земат за приказ и да испеат иронична песна: „Тешко му на оној што без мерка се збогатува, и тоа не со свое? До кога ќе се полниш со запленето богатство?“
7Нема ли да станат наеднаш оние, што ќе те измачуваат, и нема ли против тебе да се кренат грабители и ти ќе им станеш за грабеж?
82,17; Ис 33,1; Ер 30,16Бидејќи си ограбил многу народи, и тебе ќе те ограбат сите други народи, зашто си пролеал човечка крв, зашто си ја разорил земјата, градот и сите што живеат во него.
9Ис 14,13; Ер 22,13-17; 49,16; Авд 1,4Тешко му на оној, што се лакоми кон неправедни печалби за домот свој, за да го изгради домот свој на високо и така да се запази од раката на злото.
101,17; Ис 10,7; 14,20Си нанесол тој срам за домот свој, откако си истребил многу народи, згрешил против душата своја.
11Лк 19,40Камењата од ѕидовите ќе повикаат и гредите дрвени ќе им одговорат:
12Ер 22,13; Мих 3,10„Тешко му на оној кој ѕида град врз крв, и што гради тврдини врз неправда!“
13Ер 51,58Ете, не е ли тоа од Господ Саваот што народите се трудат за оган и племињата се измачуваат напразно?
144 Мојс 14,21; Ис 11,9Зашто земјата ќе се исполни со празнување за славата Господова онака како што водите го исполнуваат морето.
151 Мојс 9,20-25Тешко му на оној што го пои ближниот свој со пијалок, измешан со злобата своја, за да ја види голотијата негова!
16Ис 51,17; Ез 23,32-33; Пс 75,8; Плач 4,21Ќе бидеш презаситен со срам место со слава; пиј, пак, и ти и покажи ја голотијата своја и кон тебе ќе се сврти десницата Господова и срамот на славата твоја.
172,8; Ис 37,24Зашто твоето злосторство против Ливан ќе падне врз тебе, зашто си истребувал уплашени животни, бидејќи си пролевал човечка крв, си ги опустошувал земјата, градот и сѐ што живее во него.
Идолопоклонството е безумие18 Ез 21,26; Ос 3,4; Зах 10,2; 1 Кор 12,2 Каква корист има од резан лик, направен од уметник, од тој излеан лажен учител, макар што вајар, правејќи неми идоли, ќе се надева на делото свое?
19Ис 40,20Тешко му на оној, кој на дрво вели – „Стани“ – и на нем камен – „Разбуди се.“ Ќе научи ли тој некого на нешто? Ете, тој е опкован со злато и сребро, но жив дух во него нема.
20Ис 14,7; 41,1; Соф 1,7; Зах 2,17; Пс 11,4; Откр 8,1А Господ е во Својот свет храм: нека замолкне целата земја пред лицето Негово!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.