Колосјаните 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Поздрав

1 ; и простува­ње на гревовите.

Личноста и Христовото дело

15 1,18; 1 Мојс 1,26; Изреки 8,22-36; Јн 1,1-18; 2 Кор 4,4; Фил 2,6-11; 1 Тим 3,16; Евр 1,3; Откр 3,14 Тој е слика на невидливиот Бог, пр­вороден пред секое создание;

162,8.10; Јн 1,3; Рим 8,38-39; 1 Кор 8,6; Ефес 1,21; 3,10; 6,12бидејќи преку Него е создадено сѐ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – сѐ е преку Него и за Него создадено.

17Изреки 8,22-31; Јн 1,1; 3,31; 8,58Тој е пред сѐ, и сѐ во Него стои.

18Дела 26,23; Рим 8,29; 1 Кор 12,12-27; 15,20; Ефес 1,22-23; 5,23; Евр 1,6; Откр 1,5; 3,14И Тој е глава на телото, односно на Црквата. Тој е почеток, првороден од мртвите, за да има првенство во сѐ.

192,9; Ефес 1,23Бидејќи во Него благоволи Отецот да ја насели сета полнота,

201,16-17; Ефес 1,7.10; 2,13.16и преку Него да измири сѐ со Себе, или земно, или небесно, творејќи мир со крвта на Неговиот крст.

21Рим 5,10; Ефес 2,12; 4,18И вас, кои некогаш бевте отуѓени од Бога, и непријатели поради помислите кон лоши дела,

221,28; Јн 1,14; Рим 7,4; 2 Кор 11,2; Ефес 1,4; 2,14-16; 5,27сега ве примири во телото на Не­го­вото тело, преку Неговата смрт, за да ве претстави пред Себе свети, непороч­ни и без вина,

231,5-6; Мк 16,15; 1 Кор 5,5-8; Евр 3,14само ако останете во верата тврди и непоколебливи, и бидете неотклонливи од надежта на Евангелието што го чув­те, кое е проповедано на секое подне­бес­но создание, и Кому што јас, Павле, му станав слуга.

Павловата дејност како слуга на Црквата

24 2,1; Дела 9,16; 2 Кор 4,10-12; 11,23; 2 Тим 2,10 Сега се радувам во своите страдања за вас и го пополнувам недостигот од Христовите маки во моето тело за телото Негово, кое е Црквата.

25Ис 42,1-4; Мк 13,9-10; Дела 20,24; Ефес 3,2Нејзе ѝ станав служител по Божја наредба што ми е наложена мене за вас, за да го исполнам словото Божјо,

26Ефес 3,3; 5,9тајната, скриена од векови и родови, а сега откриена на Неговите светии,

27Дела 13,47; Рим 5,2; 8,19-21; Ефес 1,18на кои Бог пожела да им покаже какво богатство на слава има во таа тајна за незнабошците, односно дека Христос, надежта на славата, е во нас.

281 Кор 2,6; Ефес 4,13Него ние го проповедаме, вразумувајќи ги сите луѓе и учејќи ги со сета мудрост, за да го претставуваме секој човек совршен во Христос;

29Ефес 3,7; Фил 4,13затоа се трудам и се борам. Зашто Неговата сила со голема моќ дејствува во мене.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help