1Јас сум човек, кој видов мака од палката на Неговиот гнев;
2Јн 8,12Тој ме поведе и воведе во темнина, а не во светлина.
3Тој се сврте само против мене и цел ден ме биеше со раката Своја;
4Јов 30,30го исцеди телото мое и кожата моја, ги здроби коските мои;
5ме загради и ме опколи со горчила и маки;
6ме постави во темно место, како одамна умрените;
7Јов 3,23; 19,8ме огради со ѕид, да не можам да излезам, ми направи тешки вериги;
8и, кога викав и пискав, ја одбиваше молитвата моја;
9со камења ги прегради патиштата мои, ги попречи патеките мои.
10Ос 13,7-8; Јов 10,16Тој стана за мене како мечка во заседа, како лав на скришно место;
11ме истера по беспаќа и ме раскина, ме уништи;
12Јов; 16,12-13го затегна лакот Свој и ме постави како цел за стрела;
13ги прострела бубрезите мои со стрели од торбата Своја.
145 Мојс 28,37; Ер 20,7; Пс 69,11; Јов 30,9Станав потсмев за сиот народ мој, негова секојдневна шега.
15Ер 23,15; Пс 69,21; Изреки 20,17; Мт 27,34Ме презасити со горчила, со пелин ме напои;
16со камен ми ги скрши забите мои, со пепел ме покри.
17Ер 16,5Избега мирот од душата моја; заборавив за добри работи
18Јов 17,15и реков: дотраја животот мој и надежта моја од Господ.
19Помисли на моето страдање и на мојата мака, за пелинот и за жолчката.
20Душата моја постојано се сеќава на тоа и премалува во мене.
21Ис 46,8Еве што му одговорив на срцето мое и поради тоа имам надеж:
222 Мојс 34,6-7по милоста на Господ не загинавме наполно, бидејќи милосрдието Негово не е пресекнато;
23тоа се обновува секое утро; верноста Негова е голема!
24Мих 7,7; Пс 16,5; 73,26Господ е дел мој, ми вели душата, па така на Него ќе се надевам.
25Ис 8,17; 25,9; Пс 40,1; 69,7Добар е Господ кон оние, кои се надеваат на Него, кон душата, која Го бара.
26Ис 30,18Добро му е на оној, кој трпеливо го очекува спасението од Господ.
27Добро е за човекот да го носи јаремот свој во младоста своја.
28Ер 15,17Сам ќе седи и ќе молчи, бидејќи Господ му го ставил бремето врз него.
29Нека ја допре устата своја до земјата, можеби уште има надеж.
30Ис 50,6; Мт 5,39Го подава образот свој на оној, кој бие, да трпи навреди до презаситување,
31Ер 3,12бидејќи Господ не отфрла за навек.
32Ис 54,8-9; 63,7Пратил ли неволја, Тој и ќе се смилува според Својата голема милост.
33Ез 33,11Зашто Тој не по волјата на Своето срце ги казнува и ги ожалостува синовите човечки.
34Амос 1,6.9Но, кога ги газат со нозете сите затвореници на земјата,
35Амос 5,7-10кога неправедно осудуваат човек пред лицето на Севишниот,
36кога му се нанесува неправда на човекот во неговиот спор: зар Господ не гледа?
371 Мојс 1; Пс 33,9Кој вели – „Бива и она што Господ не заповедал да биде?“
38Ис 45,7Зар не доаѓаат и злото и доброто од устата на Господ?
394 Мојс 11,1На што се жалат живите луѓе? Секој за гревовите свои?
40Ис 55,7; Ер 3,22; Ос 6,1Да ги испитаме и да ги истражиме патиштата свои и да се вратиме кај Господ.
41Нека го подигнеме срцето свое и рацете свои кон Бога, Кој е на небесата.
42Ер 3,25; 8,14; 14,7Ние згрешивме и се противевме, Ти не нѐ поштеди.
43Ти се облече со гнев и нѐ прогони, нѐ умртвуваше, и не нѐ жалеше;
443,8Ти се сокри во облак, за да не продре молитвата наша;
455 Мојс 28,37; 1 Кор 4,13смет и гнасотија нѐ направи меѓу народите.
46Широко ги отворија устите против нас сите наши непријатели.
47Ужас и јама, пустош и разорение – тоа е делот наш.
48Ер 14,17Потоци солзи лее окото мое за погибелта на ќерката од мојот народ.
49Окото ми се прелива и не престанува, бидејќи нема одмор
50Ис 63,15сѐ додека Господ не погледне милостиво и види од небесата.
51Окото мое е причина да страда душата моја заради сите ќерки на мојот град.
52Пс 35,19; 69,5Постојано се силат непријателите мои да ме уловат како птичка, без никаква причина.
531 Мојс 37,20; Ер 38,6Го фрлија во јама животот мој и ме засипаа со камења.
54Јона 2,4-6; Пс 69,1-2Водата се подигна над главата моја; па си реков – „Загинав.“
55Ис 53,8Го повикав името Твое, Господи, од длабоката јама.
56Пс 130,1-2Ти го чу гласот мој; не затнувај го увото Свое за мојата воздишка и за мојот плач!
57Ис 41,10-14; Ер 1,8; 30,10Ти се приближуваше, кога ќе повикав кон Тебе, и велеше – не плаши се!
58Ти го заштитуваше, Господи, делото на мојата душа; го избавуваше мојот живот.
59Ти гледаш како ме угнетуваат, Господи; пресуди го делото мое.
60Ер 11,19; 18,23Ти ја гледаш сета одмазда нивна, сите намери нивни против мене.
61Ти ги слушаш, Господи, навредите нивни, сите намери нивни против мене,
62зборовите на оние, што стануваат против мене, и лукавствата нивни против мене секој ден.
633,14; Пс 69,12Погледај, седнат ли, станат ли, јас сум подбивна песна за нив.
64Ер 51,56Казни ги, Господи, според делата на рацете нивни;
65прати им закоравеност на срцето нивно и проклетсвото Твое врз нив;
66гони ги, Господи, со гнев и истреби ги од поднебјето!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.