1Осуди ги, Господи, оние кои ме осудуваат, и собори ги оние што се борат против мене;
2земи оружје и штит и дојди ми на помош;
3извади го мечот и пресретни ги гонителите мои; кажи ѝ на душата моја: „Јас сум спасение Твое!“
431,17; 40,14; 71,13; Ер 17,18Нека бидат посрамени и исмеани оние што ја бараат душата моја: нека се повлечат и нека се посрамат, оние што ми мислат зло;
51,4; 83,13; Ис 29,5; 41,14; Јов 21,18; 34,7; 1 Мојс 32,2-3; 2 Мојс 14,19; 23,20; Ис.Н. 5,13-15нека бидат како прав пред ветрот, и ангел Господов да ги прогонува,
673,18; Ер 23,12патот нивни нека биде темен и лизгав, и ангел Господов да ги прогонува,
77,15; 9,15бидејќи без причина поставија тајна мрежа за моја пропаст, без причина ѝ копаат гроб на душата моја.
8139,5; Ис 47,11Нека дојде врз нив ненадејна замка и мрежата нивна, што ја поставија за мене, да ги улови самите нив; нека се сплеткаат во неа и нека загинат.
9А мојата душа ќе се радува во Господ, ќе се весели поради спасението од Него.
1071,19; 77,13Сите коски мои ќе речат: „Господи, кој е подобен на Тебе, Кој спасуваш слаб од силен, беден и сиромав од ограбувачите нивни?“
1127,12; Мт; 26,59-60Се кренаа против мене злобни сведоци: и за она што не го знам ме сослушуваат;
1238,20; 109,5ми враќаат зло за добро, и душата моја запаѓа во осаменост.
13А кога тие боледуваа, јас се облекував во вреќиште, ја истоштував душата моја со пост, и молитвата ми се враќаше во градите мои.
1438,6Постапував така, како тој да беше ближен мој, мој брат; одев тажен со наведната глава како оној што тагува по сопствената мајка.
15А сега, кога јас паднав, тие се зарадуваа и се собраа против мене, ми задаваа рани, а да не знам зошто, ме кинеа и не престануваа;
16ме доведоа до искушение, ми се потсмеваа многу и со забите свои крцкаа против мене.
1717,12; 22,20-21О, Господи, до кога ќе го гледаш тоа? Оттргни ја душата моја од нивните навалувања, мојата осамена душа – од тие лавови.
1822,25Тогаш ќе Ти благодарам Господи, на големото собрание, меѓу многуброен народ ќе Те восфалувам;
1938,16; 69,4; Јн 15,25не допуштај да се зарадуваат над мене оние, кои ми се непријатели без причина, кои ме мразат без вина и намигнуваат со очите.
20120,6-7Зашто тие не мислат за мир, туку смислуваат измами против мирните во земјата.
21Ги отворија устите свои против мене, велејќи: „Аха! Аха! Очите наши видоа!“
2238,21Ти виде Господи, немој да премолчиш; Господи, не отстапувај од мене!
237,6; 44,23Стани, разбуди се да ме одбраниш, о Боже мој и Господи мој, води ја мојата парница!
24Пресуди ми според Твојата праведност, Господи, Боже мој, та да не ликуваат оние над мене;
2540,13-16; 70,2-3; Ез 25,3; 26,2за да не речат во срцата свои: „Ни се исполни желбата!“ и да не кажат: „Го проголтавме.“
26Нека бидат посрамени и исмејани сите, кои се радуваат на мојата несреќа; да се облечат во срам и бесчестие, оние што се гордеат над мене.
2740,16Нека се зарадуваат и нека се развеселат, оние што го сакаат моето праведно дело, и непрестајно нека велат: „Велик е Господ, Кој му се радува на доброто на Својот слуга!“
2871,24И јазикот мој ќе зборува за праведноста Твоја и за Твојата похвала секој ден.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.