Софонија 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Суд за Јудеја

1 Ер 1,2 Словото Господово упатено до Софонија, синот на Кушиј, син Гедалиев, син Амариев, син Езекиин, во деновите на Јошија, син Амонов, цар јудејски.

2Ер 8,13Сѐ ќе истребам од земјата, вели Господ;

3Ер 7,20; Ос 4,3ќе ги збришам луѓето и животните, ќе ги истребам птиците небески и ри­бите морски и ќе направам да паднат безбожниците; ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата, вели Господ.

42 Цар 23,4-5.12; Ез 6,14И ќе ја протегнам раката Своја врз Јудеја и врз сите жители на Ерусалим; ќе ги истребам од тоа место остатоците на Ваал, името на служителите негови со свештениците негови,

55 Мојс 4,19; 1 Цар 11,7.33; 2 Цар 21,3-5; 23,13; Ер 19,13и оние, кои на покривите се поклонуваат на небесната војска, и од поклониците оние што се колнат во Гос­под, но се колнат и во својот цар,

6како и оние, што отстапија од Гос­под, не Го бараат Господа ниту прашу­ваат за Него.

7Јоил 1,15; Авак 2,20; Зах 2,17; Откр 8,1Замолкни пред лицето на Господ Бог, зашто близу е денот Господов. Ве­ќе го приготви Господ жртвеното кла­ње, ги определи и гостите свои.

82 Мојс 3,16Во денот на жртвата Господова, Јас ќе ги казнам кнезовите, синовите на царот и сите, што се облекуваат во об­леки на туѓинци;

9ќе ги казнам во оној ден сите, кои го прескокнуваат прагот, што го исполнуваат домот на својот Господ со насил­ство и измама.

102 Цар 22,14; Неем 3,3И во тој ден, вели Господ, ќе има вик кај Рибните Порти и ридање во новиот дел на градот, а и големо уривање на ридови.

11Зах 14,21Плачете жители на Махтеш, зашто загинаа сите трговци; истребени се сите што мерат сребро.

12Ис 45,7; Ер 5,12; Пс 10,4; 14,1; Плач 3,38А во тоа време Јас ќе го прегледам Ерусалим со светило и ќе ги казнам оние, кои седат на своите остатоци и велат во срцето свое: „Господ не прави ни добро ни лошо“;

135 Мојс 28,30-33; Амос 5,11; Мих 6,15пак ќе станат богатствата нивни пљачка и куќите нивни ќе се запустат; иако градеа куќи, тие нема да живеат во нив; садеа лоза, но вино нема да пијат од неа.

Страшниот ден

14 4 Мојс 10,35; Ис 42,13; Ер 30,7; Јоил 1,15 Близу е денот велик на Господ, бли­зу е – и брзо доаѓа. Горчлив е гласот на денот Господов, ќе завика тогаш дури и најхрабриот.

15Јоил 2,2; Амос 5,18Тој ден е ден на гнев, ден на жалост и на мачнотија, ден за запустување и уривање, ден на темнина и на мрак, ден облачен и маглив,

16Ис 2,15; Јоил 2,1ден на труба и на боен повик против утврдените градови и високите кули.

175 Мојс 28,28-29; Ис 5,25; Ер 9,21И Јас ќе ги притеснам луѓето, и тие ќе се тетерават како слепи, зашто згрешија против Господ, и растурена ќе биде крвта нивна како прав, и телата нивни како смет.

185 Мојс 4,24; Ис 10,23; Ез 7,19; Изреки 11,4Ни среброто нивно, ниту златото нивно не ќе може да ги спаси во денот на гневот Господов, а од огнот на рев­носта Негова ќе биде уништена целата земја, и тоа ќе биде ненадеен крај на сите жители нејзини.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help