1 ; и тогаш светилиштето ќе се очисти.“
1510,16-18И кога јас, Даниел, го гледав тоа видение и замолив за неговото значење, ете пред мене застана некаков лик на човек.
169,21; Лк 1,19-26И чув од средината на реката Улај човечки глас, кој извика и рече: „Гавриле, објасни му го тоа видение!“
1711,35; Ез 1,28; 21,30; Амос 8,2; 1 Кор 15,24; Откр 1,17И се приближи тој до местото каде што стоев и кога дојде, јас се уплашив и паднав ничкум; а тој ми рече – знај сине човечки дека видението се однесува на крајот од времето.
181 Мојс 2,21; 15,12; Јона 1,5-6И кога зборуваше тој со мене, јас лежев ничкум на земјата во несвест; но тој се допре до мене и ме исправи на моето место,
19Ис 10,25; Амос 5,18; Авак 2,3па ми рече: „Еве ти откривам што ќе биде во последните денови на гневот; зашто тоа се однесува на крајот од определеното време.
20Овенот што го виде – неговите два рога – тоа се мидискиот цар и персискиот.
2110,20; 11,3А косестиот козел е царот на Јаван, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тоа е нејзиниот прв цар:
22Четирите рога што израснаа кога првиот се скрши, тоа се четирите царства што ќе произлезат од тој народ, но нема да ја имаат неговата сила.
23А кон крајот на царството нивно, кога отстапниците ќе ја исполнат мерката на своите беззаконија, ќе се издигне еден цар бесрамен и искусен во сплеткарење;
247,18; 11,36неговата моќ ќе се зацврсти, иако не со неговата сила; тој ќе врши големи пустошења и ќе успева, ќе дејствува и ќе погубува јунаци и народи на светиите;
252,34; 11,23.36заради лукавоста негова ќе напредува и сплеткарството во раката негова; во срцето ќе се возгордее и без повод ќе погуби мнозина; тој ќе се крене против Кнезот над кнезовите, но ќе биде победен – не со човечка рака.
2610,1; Ис 8,16; 29,11; Откр 10,4А и видението за вечерта и утрината за кое ти се рече ќе се исполни, но ти сокри го тоа видение зашто се однесува на далечни времиња.“
272,48; 4,16; 7,28; 10,8; Ис 21,3Јас, Даниел, истоштен и болен бев неколку дни, потоа станав и почнав да се занимавам со царските работи; се чудев на тоа видение и не го разбирав.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
