Еремија 29 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Писмото од Еремија до заробените Јудејци во Вавилон

1 2 Цар 24,15 Еве ги зборовите од писмото, кое пророкот Еремија го испра­ти од Ерусалим до другите старешини меѓу преселените, до свештениците, до пророците и до сиот народ, кој Навухо­доносор беше го одвел од Ерусалим во Вавилон,

2откако беа излегле од Ерусалим царот Јехонија, царицата, дворјаните, кнезовите на Јудеја и на Ерусалим, др­воделците и ковачите,

3преку Елеаса, синот Сафанов, и преку Гемарија, синот на Хелкија, кои јудејскиот цар Седекија ги испрати во Вавилон до вавилонскиот цар Навухо­доносор,

4– вака вели Господ Саваот, Бог Из­раелов, до сите заробени, кои Јас ги преселив од Ерусалим во Вавилон –

5правете куќи и живејте во нив, саде­те градини и јадете ги плодовите нивни;

630,19; 1 Мојс 1,28; 9,1.7женете се и раѓајте синови и ќерки; и на синовите земајте им жени и ќерки и мажете ги, за да раѓаат синови и ќерки, па размножувајте се таму, а не да се намалувате.

7Езд 6,10Грижете се за доброто на градот, во кој ве преселив, и молете Му се на Бога за него; зашто ако му е нему добро, и вие ќе имате мир.

8Мт 7,15Зашто, така вели Господ Саваот, Бог Израелов: нека не ве мамат вашите пророци, кои се меѓу вас и вашите баја­чи; и не верувајте им на соништата што ги сонувате.

927,15; 29,31Лажно ви пророкуваат во Мое име; Јас не сум ги пратил, вели Господ.

1033,14Бидејќи така вели Господ – кога во Вавилон ќе исполните седумдесет години, тогаш ќе ве посетам и ќе го исполнам Мојот добар збор за вас, за да ве вратам на ова место.

1124,5; 31,17Зашто само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж.

1233,3Па ќе повикате по Мене, ќе дојдете и ќе Ме замолите, и Јас ќе ве чујам;

135 Мојс 4,29; Ис 55,6; 2 Лет 15,4ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сѐ срце.

1430,3Ќе Ме најдете, вели Господ, и ќе ве вратам од ропство и ќе ве соберам откај сите народи и од сите места, каде што ве изгонив, вели Господ, и ќе ве вратам онаму, од каде што ве преселив.

15Вие велите: „Господ ни издигна пророци и во Вавилон.“

16Така вели Господ за царот, кој седи на Давидовиот престол, и за сиот народ, што живее во тој град; за браќата ваши, што не се одведени со вас во ропство.

1724,10Вака вели Господ Саваот за нив – еве, ќе испратам врз нив, меч, глад и помор и ќе ги направам како лошите смокви, што не можат да се јадат поради неугодниот вкус;

1834,17и ќе ги гонам со меч, глад и помор и ќе ги предадам на зло кај сите земни царства, за проклетство и ужас, за пот­смев и навреда меѓу сите народи, каде што ќе ги расејам,

1926,5поради тоа што не ги слушаа збо­ровите Мои, вели Господ, што ги пра­ќав до нив преку слугите Мои, пророците, ги праќав од рано утро, но не послушавте, вели Господ.

2031,10А вие, сите изгнаници, што ве пратив од Ерусалим во Вавилон, чујте го словото Господово:

21вака вели Господ Саваот, Бог Изра­елов, за Ахав, синот на Колаја, и за Седекија, синот на Маасеја, кои ви пророкуваат лага во Мое име: еве, Јас ќе ги предадам во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор, и тој ќе ги убие пред очите ваши.

22И сите прогонети Јудејци, кои се во Вавилон, ќе се научат од нив да колнат: „Да ти направи Господ, како што им направи на Седекија и на Ахав, кои ва­вилонскиот цар ги изгоре со оган,“

2315,15поради тоа што вршеа гнасни ра­боти во Израел: прељубодејствуваа со жените на ближните свои и во Мое име кажуваа лага, што не сум им заповедал; Јас го знам тоа и Сам сум сведок, вели Господ.

Порака за Шемаја

24И на Шемаја од Нехелам речи му:

25вака вели Господ Саваот, Бог Из­раелов: поради тоа што во свое име праќаше писма до сиот народ во Ерусалим и до свештеникот Софонија, син на Маасеја, и до сите свештеници, велејќи:

26Господ те поставил за свештеник наместо свештеникот Јодај, за да бидеш меѓу надзорниците во домот Господов, та секој што беснее и пророкува, да го затвориш и да го ставиш на клада.

2732,7Зошто не му забраниш на Еремија од Анатот да пророкува кај вас?

28Заради тоа и до нас во Вавилон испрати да кажат: „Ропството ќе трае долго – правете куќи и живејте во нив, обработувајте ги градините и јадете ги плодовите нивни.“

29Кога свештеникот Софонија го прочита тоа писмо на глас пред пророкот Еремија,

30тогаш дојде слово Господово до Еремија:

3129,9Испрати, па кажи им на сите из­гнаници – вака вели Господ за Шемаја од Нехелам – бидејќи Шемаја пророкува кај вас, а Јас не сум го пратил, и ви кажува лажна надеж,

3217,6затоа, вака вели Господ: еве, ќе го посетам Шемаја од Нехелам и племето негово; ќе нема од него човек да живее меѓу овој народ и нема да го види доб­рото, што ќе му го направам на Мојот народ, вели Господ – зашто тој зборува за бунт против Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help