1Кога Давид живееше во својот дом, му рече на пророкот Натан „Еве, јас живеам во кедров дом, а ковчегот на заветот Господов е под шатор.“
22 Лет 6,7А Натан му одговори на Давид: „Прави сѐ што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.“
3Но во истата ноќ му дојде словото Божјо на Натан:
4„Оди и кажи му на слугата Мој Давид: вака вели Господ: Ти нема да ми изградиш дом, каде што ќе живеам,
5зашто Јас не сум живеел во дом од денот кога ги изведов синовите Израелови, и до денес, а одев од шатор во шатор и од живеалиште во живеалиште.
6Каде и да одев со сиот Израел, му реков ли, макар и збор, на некого од судиите израелски, на кои им бев заповедал да му бидат пастири на Мојот народ: ‚зошто не ми изградите кедров дом?‘
72 Сам 6,21И сега вака кажи му на Мојот слуга Давид: вака вели Господ Саваот: Те зедов од овчото стадо, за да те направам водач на Мојот народ Израел;
8бев со тебе секогаш, каде и да одеше, ги поразив сите твои непријатели пред лицето твое и го направив името твое како името на великаните по земјата;
9подготвив место за Мојот народ Израел, го зацврстив, и тој ќе живее спокојно на своето место, и нема повеќе да го вознемируваат, нечестивите нема повеќе да го притискаат, како порано,
10Суд 2,16во она време кога Јас бев поставил судии над Мојот народ Израел, и Јас ги бев покорил сите твои непријатели, и те известив дека Господ ќе ти изгради дом.
11Кога ќе се исполнат твоите дни, и ти ќе се прибереш кај татковците свои, тогаш ќе го подигнам твоето семе по тебе, што ќе биде од синовите твои, и ќе го зацврстам царството негово.
122 Лет 7,18Тој ќе Ми изгради дом, и ќе го утврдам престолот негов засекогаш.
13Лк 1,32; 2 Кор 6,18; Евр 1,5Јас ќе му бидам Татко, и тој ќе Ми биде син, и милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од оној што беше пред тебе.
141 Цар 2,12; Ер 33,17; Пс 132,11; 2 Лет 9,8Ќе го утврдам во Мојот дом и во Моето царство засекогаш, престолот негов ќе биде вечно цврст.“
15Сите тие зборови и целото видение Натан точно му ги раскажа на Давид.
Давидовата благодарствена молитва(2 Сам 7,18-29)16Тогаш царот Давид дојде, застана пред лицето Господово и рече: „Кој сум јас, Господи Боже, и што е мојот дом, та толку ме подигна?
17Но и тоа се покажа малку во Твоите очи, Боже; Ти навестуваш за домот на Твојот слуга далечна иднина и гледаш на мене како на голем човек, Господи Боже!
18Што уште може да каже пред Тебе Давид, за славата на Твојот слуга? Ти го знаеш Својот слуга!
192 Цар 20,6; Ис 37,35Господи, за Твојот слуга, според срцето Свое, Ти ги правиш сите тие големи дела, објавувајќи го сето ова величие.
20Ис 44,6; 46,9Господи, по сѐ она што сме го чуле со ушите свои, сличен на Тебе нема и нема Бог освен Тебе!
212 Мојс 6,6И кој е сличен на Твојот народ Израел, единствен народ на земјата, кај кој доаѓал Бог, да го откупи за свој народ, за да се здобие со име на големи и страшни дела – преку прогонување на народите пред Твојот народ, кој го спаси од Египет, Ти.
222 Мојс 19,5-6Ти го направи Твојот народ Израел Свој сопствен народ засекогаш и Ти, Господи, стана негов Бог.
231 Цар 8,25И така, сега, о Господи, утврди го засекогаш словото, што си му го кажал на Твојот слуга и за неговиот дом, и направи, според она како што си кажал.
24Нека се зацврсти и нека се возвеличи Твоето име засекогаш, за да велат: ‚Господ Саваот, Бог Израелов, е Бог на Израел‘ и домот на Твојот слуга Давид да биде цврст пред Твоето лице.
25Зашто Ти, Боже мој, му јави на Твојот слуга дека ќе му изградиш дом, та затоа и Твојот слуга се осмели да се моли пред Тебе.
26И сега, Господи, Ти си Бог, и Ти го вети за Твојот слуга тоа добро.
27Затоа, според Твојата благонаклоност, благослови го домот на Твојот слуга, за да биде вечен пред Твоето лице; зашто, ако Ти, Господи, го благословиш, ќе биде благословен засекогаш.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.