2 Летописи 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Пророкот го укорува Јосафат

1 1 Цар 16,1; Пс 7,10; 139,21-22 Кога Јосафат, царот јудејски, се враќаше со мир во домот свој во Ерусалим,

2излезе да го пресретне јасновидецот Јуј, син Ананиев, и му рече на царот Јосафат: „Требаше ли да му помагаш на безбожникот и да ги сакаш оние, што Го мразат Господа? Затоа гневот Господов падна врз тебе.

31 Цар 14,13Но добро се најде во тебе, зашто ти ги истреби идолите во земјата јудејска и го расположи срцето свое за да Го побараш Бога.“

Реформите на Јосафат

4Јосафат живееше во Ерусалим. И пак почна да го обиколува народот свој од Вирсавија до Ефремовата Гора, и ги поврати кон Господ, Бог на нивните предци.

52 Мојс 18,13-26; Езд 7,25

1 Мојс 47,6; 2 Мојс 18,26И постави судии во земјата по сите утврдени градови на Јудеја, во секој град,

63 Мојс 19,15; 5 Мојс 18,20па им рече на судиите: „Внимавај­те што правите; вие вршите не суд човечки, туку суд Господов; во судската работа Бог е со вас.

71 Мојс 18,25; 5 Мојс 10,17; Јов 8,3; 13,10Затоа стравот Господов нека биде над вас: работете внимателно, зашто кај Господ, нашиот Бог, нема неправда, ни пристрасност, ниту поткупување.“

8Ез 44,24; 1 Лет 23,4Јосафат и во Ерусалим постави некои левити и свештеници и ста­решини на домовите во Израел – за суд Господов и за тужби. И се вратија во Ерусалим.

9Тогаш им заповеда, велејќи: „Така работете со страв Господов, со верност и со чисто срце:

105 Мојс 17,8-9во секоја расправија, каква што ќе дојде кај вас од браќата ваши, што живеат по градовите свои, било за крв­нина, или за закон, заповед, уредба и обреди, објаснувајте им да не грешат пред Господ, та да не дојде гневот Негов врз вас и врз браќата ваши: така работете, и нема да згрешите.

111 Лет 28,20И ете, првосвештеникот Амарија е над вас за секоја Господова работа, а Зевадија, синот Јишмаелов, началник на Јудиниот дом – за секоја царска ра­бота, а и левитите ќе ви служат како писари. Бидете цврсти и работе­те, и Господ ќе биде со добриот.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help