1 Ез 47,13-23 Му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
21 Мојс 17,8; 5 Мојс 1,7-8; Ис.Н. 23,4„Заповедај им на синовите на Израел и кажи им: кога ќе влезете во хананската земја, таа е земјата, која ќе ви се падне во дел – земјата хананска со пределите нејзини:
31 Мојс 14,3; Ис.Н. 15,1-3вашата јужна граница ќе започнува од пустината Син, покрај Едом; ќе започнува од крајот на Соленото Море откај исток;
4Ис.Н. 15,3-4потоа вашата граница ќе сврти на југ кон Акравимските возвишенија, минува низ Син, ќе дојде јужно од Кадис-Барнеа, па потоа ќе продолжи кон Хацар-Адар и Ацмон;
51 Мојс 15,18од Ацмон границата ќе оди кон египетската река и ќе излегува на морето.
6Ис.Н. 1,4; 9,1; 15,12А западна граница ќе ви биде Големото Море. Тоа ќе ви биде граница откај запад.
7Откај север, пак, да имате граница: од Големото Море да оди кон планината Ор,
8Ис.Н. 13,5од планината Ор да продолжува до Емат, и оттука да свртува кон Цедад;
9оттаму границата да продолжи кон Зифрон и да скршнува кон Хацар-Енан: тоа да ви биде северната граница.
10Ис.Н. 15,5Источната граница означете ја сами од Хацар-Енан до Шефам,
112 Цар 23,33; Ер 39,5од Шефам ќе продолжи кон Ривла, потоа, слегувајќи уште надолу, се допира до источните брегови на Генисаретското Езеро; од источната страна на Ајин;
12потоа границата ќе оди по реката Јордан и ќе заврши кај Соленото Море. Тоа да ви биде земјата со границите нејзини наоколу.“
1326,52-56; 3 Мојс 16,8; Ис.Н. 18,10; Ез 45,1Тогаш им заповеда Мојсеј на синовите на Израел и им рече: „Еве ја земјата што ќе ја поделите со ждрепка, која Господ заповеда да им се даде на деветте племиња и на половината од племето,
145 Мојс 33,21; Ис.Н. 14,1-5зашто племето на Рувимовите потомци според семејствата нивни, и племето на потомците на Гад според семејствата нивни, и половината од Манасиевото племе, го добија својот дел:
15двете племиња и половината племе го добија својот дел со ждрепка од оваа страна на Јордан, спроти Ерихон, на исток.“
Список на одговорните за поделба на земјата16И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
175 Мојс 1,38; Ис.Н. 19,51„Ова се имињата на мажите што ќе ја поделат таа земја меѓу вас: свештеникот Елеазар, и Исус, Навиновиот син;
18Ис.Н. 14,1а за делењето на земјата земете и по еден кнез од секое племе.
191 Мојс 29,35; 5 Мојс 33,7А еве ги имињата на тие мажи: за Јудиното племе – Халев, синот Јефунеов;
201 Мојс 29,33за племето на Симеоновите потомци – Самоил, синот Амиудов;
211 Мојс 49,27; Суд 5,14за Венијаминовото племе – Елидад, синот Кислонов;
22за племето на Дановите потомци – кнезот Буки, Јоглиевиот син;
23за Јосифовите потомци, за племето на Манасиевите потомци – кнезот Ханиил, Ефодовиот син;
24за коленото на Ефремовите потомци – кнезот Кемуел, синот Шифтанов;
251 Мојс 30,20за племето на Завулоновите потомци – кнезот Елицафан, синот Парнахов;
26за племето на Исахаровите потомци – кнезот Палтиел, синот Азанов;
27за племето на Асировите потомци – кнезот Ахиуд, синот Шеломиев;
28за племето на Нефталимовите потомци – кнезот Педаел, синот Амиудов.“
29Тоа се оние, на кои Господ им заповеда да ги поделат деловите меѓу синовите на Израел во хананската земја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.