2 Коринтјаните 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 Рим 7,5; Евр 10,22; 1 Птр 1,15-17; 2 Птр 1,4 И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секоја нечистота на телото и на духот, исполнувајќи ја светоста во страв Божји.

Павловата радост

2 Дела 20,33 Примете нѐ во срцата ваши: никому не сме му нанеле неправда; никого не упропастивме, ниту, пак, некого искористивме.

36,11-13Ова не го зборувам за да осудувам, зашто пред малку реков дека сте во ср­цата наши, за да умреме и да живееме заедно.

41,4; 4,8; 12,10; Кол 1,24; 2 Сол 1,4Голема е мојата увереност во вас, многу се фалам со вас; се исполнив со утеха, преизобилувам со радост покрај сите наши маки.

55 Мојс 32,25Зашто, кога дојдовме во Македонија, никакво спокојство немаше телото наше, но од секаде бевме притеснети во маки; однадвор борби, однатре страв.

62,13; Ис 49,13; Дела 28,15Но Бог, Кој ги утешува понизните, нѐ утеши со доаѓањето на Тит.

7И не само со неговото доаѓање, но и со утехата, со која се беше утешил тој поради вас, известувајќи нѐ за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата рев­ност кон мене, така што јас уште по­ве­ќе се зарадував.

8Зашто, ако сум ве и ожалостил со посланието, не ми е жал, макар и да ми беше жал, бидејќи гледам дека тоа пос­лание ве ожалостило само за малку вре­ме;

9сега се радувам не затоа што се ожа­лостивте, туку што се ожалостивте за покајување; бидејќи се ожалостивте по Бога, та никаква штета да не претрпите од нас.

10Бидејќи жалоста што потекнува од Бога предизвикува неопходно покајува­ње за спасение, а световната жалост до­ведува до смрт.

11Зашто, ете, тоа што се ожалостивте по Бога, каква усрдност предизвика во вас, какво извинување, какво огор­чу­ва­ње, каков страв, каков копнеж, каква ревност, каква горчина! Со сѐ по­ка­жав­те дека во тоа дело сте чисти.

12Така, ако и ви напишав, тоа го на­правив не поради навредувачот, ниту поради навредениот, туку за да стане јасно вашето усрдие за нас пред Бога.

132,13; 1 Кор 16,18Затоа се утешивме. Во таа наша утеха уште повеќе се зарадувавме поради радоста на Тит, затоа што сите вие сте му го успокоиле духот.

141,18-19; 8,24; 9,2И затоа јас не се посрамив, кога со некои работи се пофалив за вас пред не­го; но, како што секогаш пред вас сме ја зборувале вистината, така и пофалбата пред Тит ни излезе вистинска.

152,9; 10,6; 1 Кор 2,3Голема е неговата срдечна љубов кон вас, кога ќе се сети за послушноста на сите вас, како со трепет и страв сте го примиле.

16Гал 5,10И затоа, се радувам дека во сѐ мо­жам да имам доверба во вас.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help