1 1 Цар 22,41-45 1 Цар 2,12; 15,24 На негово место се зацари синот негов Јосафат, кој покажа сила против Израелците.
2Тој распореди војски по сите утврдени градови на Јудеја и постави стражи по земјата јудејска и по градовите Ефремови, што ги беше завладеал татко му Аса.
3И Господ беше со Јосафат, зашто одеше по правите патишта на таткото свој Давид и не ги бараше Вааловците,
4туку Го бараше Бога на таткото свој и постапуваше по Неговите заповеди, а не по делата на Израелците.
51 Сам 10,27И Господ го зацврсти царството во рацете негови; сите Јудејци му носеа подароци на Јосафат; тој се здоби со големо богатство и слава.
62 Мојс 34,13; 1 Цар 8,61; 15,14Срцето негово се храбреше на Господовите патишта; притоа тој ги отстрани оброчиштата и паганските светилишта во Јудеја.
73 Мојс 10,11; 5 Мојс 6,4-9; Мал 2,7А на третата година од царувањето ги испрати началниците свои Бенхаил, Авдија, Захарија, Натанаил и Михеј да го поучуваат народот по Јудините градови,
8Ос 4,6; Неем 8,7-8и со нив левитите: Шемаја, Нетанија, Зевадија, Асаил, Шемирамот, Јонатан, Адонија, Товијаху и Тов-Адонија, а со нив уште и свештениците Елишама и Јорам.
95 Мојс 28,61; Езд 7,25Тие ги подучуваа Јудејците, носејќи ја со себе Книгата на Законот Господов; ги обиколуваа сите јудејски градови и го учеа народот.
Величието на Јосафат10 1 Мојс 35,5; 5 Мојс 2,25 И ги обзеде страв Господов сите земни царства околу Јудеја, и не војуваа со Јосафат.
11А од Филистејците му носеа на Јосафат дарови и сребро за данок; исто така и Арапите му донесуваа ситен добиток: седум илјади и седумстотини овни и седум илјади и седумстотини јарци.
12Се издигаше Јосафат сѐ повеќе, и изгради во Јудеја домови, градови и тврдини.
13Тој имаше големо богатство во јудејските градови, а во Ерусалим – храбри борци.
14Еве го нивниот список според домовите на нивните предци: од Јуда илјаданачалници: Адна водач, кој имаше триста илјади храбри војници;
15по него Јоанан началник, кој имаше двесте и осумдесет илјади;
16по него Амасија, Зихриев син, кој Му се беше посветил на Господ; тој имаше двесте илјади силни војници.
174 Мојс 1,36Од Венијамин: храбриот војник Елијада, кој имаше двесте илјади вооружени со лак и штит;
18по него Јозавад, кој имаше сто и осумдесет илјади вооружени војници.
19Ете, тие му служеа на царот, покрај оние што ги беше распоредил царот во утврдените градови по цела Јудеја.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.