1 Дела 9,13; Рим 1,1; 1 Кор 1,1; Кол 1,1-2 Павле, по волјата Божја апостол на Исус Христос, до светиите што се во Ефес, и до верните во Исус Христос:
2благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и Господ Исус Христос!
Неизмерна благодат3 1 Кор 1,3; Гал 3,14; 1 Птр 1,3 Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков духовен благослов од небесата во Христос,
45,27; Јн 17,24; Кол 1,22; 2 Сол 2,13така што и нѐ избра преку Него, уште пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта,
5Јн 1,12предопределувајќи нѐ за посинување за Себе преку Исус Христос, зашто тоа Му беше по волја,
6Кол 1,13за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нѐ дарува преку Својот Возљубен Син,
72,7.13; Рим 3,24-25во Кого имаме откуп преку Неговата крв, простување на гревовите по богатството на Неговата благодат.
8Кол 1,9; 4,5Таа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум,
93,3откако ни ја откри тајната на Својата волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано
10Гал 4,4во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини сѐ небесно и земно под една глава – во Христос.
11Рим 8,28-29; Кол 1,12Преку Него ние бевме избрани за наследници, однапред определени според одлуката на Оној Кој врши сѐ според волјата Своја,
121,18за да послужиме како пофалба на славата Негова ние, кои од порано се надевавме на Христос.
134,30; 2 Кор 1,22; Кол 1,5-6Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – Евангелието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, станавте запечатени преку ветениот Свети Дух.
142 Кор 1,22Тој е залог за нашето наследство, за откупување на посвојувањето за пофалба на Неговата слава.
Молитва за просветление15 Рим 1,8-9; Кол 1,3-4.9; Фил 1,4-5 1 Кор 13,13 Ете, затоа и јас, кога слушнав за вашата вера во Христос Исус, и за љубовта кон сите светии,
161 Сол 1,2постојано Му благодарам на Бога, спомнувајќи ве во молитвите свои,
17Ис 11,2; 1 Кор 2,10; Кол 1,9-10; 1 Јн 5,20та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете,
18Дела 20,32; 2 Кор 4,4; Кол 1,5.12и да ги просвети очите на срцата ваши за да увидите во што се состои надежта на повиканите од Него, колкаво е богатството на славата од наследството Негово во светиите,
191 Кор 6,14; 2 Кор 13,4; Фил 3,10; Кол 2,12и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме преку дејството на Неговата крепка сила.
20Пс 110,1; Кол 3,1; Евр 1,3Таа сила Тој ја покажа во Христос, кога Го воскресна од мртвите и Го постави од Својата десна страна на небесата,
21Мк 10,30; Лк 18,30; Кол 1,15-20повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот,
22Јн 1,16; Кол 1,19
4,15; Пс 8,7; 1 Кор 15,24-25и сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата,23која е Негово тело, полнота на Оној Кој исполнува сѐ во сѐ.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.