2 Летописи 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Славата на Соломон и савската царица(1 Цар 10,1-13)

1 1 Мојс 10,7; Ез 23,42; Мт 12,42; Лк 11,31 Савската царица, кога чу за славата Соломонова, дојде во Ерусалим да го испита Соломон со гатанки; дојде со многу големо богатство и камили, натоварени со благопријатни мириси, многу злато и скапоцени камења. Дојде кај Соломон и говореше со него сѐ што ѝ беше на срце.

2Соломон ѝ ги објасни сите нејзини зборови, и не се најде ништо непознато за Соломон, што не можеше да ѝ го об­јасни.

31 Цар 5,12Царицата од Сава, откако ја виде мудроста на Соломон и домот, што тој го беше изградил,

4и јадењата на трпезата негова, и жи­веалиштата на слугите негови, состојбата на прислужниците негови и облеката нивна, пехарниците и обле­ката нивна, и одот, со кој тој влегуваше во домот Гос­подов, – остана без здив!

5Тогаш таа му рече на царот: „Висти­на е она што го бев слушала за твоите дела и за твојата мудрост;

6но јас не верував на нивните зборови сѐ додека не дојдов и не видов со очите свои. И еве, ни половината не ми е ка­жано за твојата голема мудрост: ти ја надминуваш приказната, што сум ја чула.

7Блажени се твоите луѓе, блажени се тие твои слуги, кои секогаш стојат пред тебе и ја слушаат мудроста твоја!

81 Цар 2,12; 1 Лет 17,14Нека е благословен Господ, твојот Бог, Кој благоволи да те постави на Својот престол за цар пред Господ, твојот Бог. Поради љубовта на твојот Бог кон Израел, за да го зацврсти засекогаш, Тој те постави за цар над него, – да делиш суд и правда.“

9Потоа таа му подари на царот сто и дваесет кикари злато и големо множе­ство благопријатни мириси и скапоцени камења: немаше нигде такви мириси, какви што савската царица му подари на Соломон.

10Но и слугите Хирамови и слугите Соломонови, кои го донесоа златото од Офир, донесоа и црвено дрво и скапо­цени камења.

11Царот од тоа црвено дрво направи скали за домот Господов и за царскиот дом, и лири и харфи за пејачите. Такво нешто не беше видено пред тоа во земјата јудејска.

12А царот Соломон ѝ даде на царицата од Сава, сѐ што посака и побара, освен такви работи, какви што таа му беше донела. Потоа таа се врати во својата земја со слугите свои.

Богатството на Соломон(1 Цар 10,14-25)

13Златото, што му доаѓаше на Соло­мон во текот на една година, по мерка изнесуваше шестотини и шеесет кика­ри.

14Ер 25,24; Ез 27,21Освен тоа, донесуваа уште и пода­ници и трговци, и сите цареви арапски и обласни началници му донесуваа зла­то и сребро на Соломон.

15И направи царот Соломон двесте големи штита од ковано злато – по шес­тотини шекели злато за секој штит, –

161 Цар 7,2и триста помали штита од ковано злато – по триста шекели злато за секој штит; и царот ги постави во домот од леванонско дрво.

171 Цар 22,39Царот направи и голем престол од слонова коска, и го обложи со чисто злато,

18и шест скалила до престолот и златно подножје, изградено заедно со престолот, и потпирки од двете страни на седиштето, и два лава, што стојат до потпирките.

19И уште дванаесет лава што стоеја таму од двете страни на шесте скалила. Таков престол немаше во ниедно цар­ство.

20Сите садови од кои пиеше царот Соломон беа од злато, и сите садови во домот од леванонско дрво беа од чисто злато; од сребро немаше ништо, зашто среброто во Соломоно­вото време не се ценеше многу.

21Царските кораби одеа во Тарсис со слугите Хирамови и секои три години корабите се враќаа од Тарсис, па донесуваа злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни.

221 Цар 3,13Така царот Соломон ги надмина сите земни цареви по богатство и по мудрост.

23Сите земни цареви сакаа да го видат Соломон, за да ја слушнат муд­роста негова, која Бог ја беше внел во срцето негово.

24Ис 18,7И секој од нив донесуваше со себе дар: сребрени садови и златни садови, облека, оружја, благопријатни мири­си, коњи и маски – секоја година.

251 Сам 8,11Соломон имаше четири илјади стаи за коњи и коли и дванаесет илјади коњаници; ги беше населил по градови­те со бојни коли и кај себе – во Еруса­лим.

261 Мојс 15,18-21; Пс 72,8-9Владееше над сите цареви – од реката Еуфрат до филистејската земја и до египетските предели.

27Царот направи и златото и среброто во Ерусалим да бидат еднакво вредни со обичните камења, а кедри­те, по­ради нивното множество, ги направи еднакво вредни со смоквите по полињата.

28Коњи Соломон увезуваше од Еги­пет и од сите земји.

Осврт на Соломоновото царување(1 Цар 11,41-43)

29 1 Цар 11,29.41; 2 Сам 7,2 Другите дела Соломонови, први и последни, опишани се во записите на пророкот Натан и пророштвото на Силомецот Ахија и во виденијата на јасновидецот Једо за Јеровоам, Нава­товиот син.

30Соломон царуваше во Ерусалим над сиот Израел четириесет години.

311 Цар 2,10Почина Соломон кај своите предци, и го погребаа во градот на татко му Давид. А место него стана цар синот негов Ровоам.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help