1 Коринтјаните 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Прашања и одговори за бракот

1А за она што ми пишавте – добро е човек да не се допира до жена.

2Но, за да се избегне блудството, се­кој нека си има своја жена, и секоја же­на свој маж.

32 Мојс 21,10Мажот да ја извршува својата дол­жност спрема жената, а исто така и же­ната – спрема мажот.

4Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.

52 Мојс 19,15; 1 Сол 3,5Не лишувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да ѝ се посветите на молитвата и пак да бидете заедно за да не ве напаствува сатаната, поради вашето невоздржување.

62 Кор 8,8Ова, пак, ви го велам како до­пуш­та­ње, а не како заповед.

7Мт 19,11-12Зашто сакам, сите луѓе да бидат ка­ко мене; но секој си има своја дарба од Бога – еден на ваков начин, друг на по­инаков.

8А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде ако останат како мене.

91 Тим 5,14Но, ако не можат да се воздржат, не­ка се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да горат од страст.

10Мал 2,16; Мк 10,11-12А на женетите и мажените им запо­ведам – не јас, туку Господ – жената да не се разделува од мажот, –

11ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, – а и мажот да не ја остава жената своја.

12А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, безверничка, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава;

13и ако некоја жена има маж, без­вер­ник, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава.

14Зашто маж безверник се осветува преку жената која верува, и жена без­верничка се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле не­чисти, а сега се свети.

15Рим 12,6; 14,19Ако некој безверник сака да се раз­веде, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нѐ повикал Бог.

16Зашто, од каде знаеш, жено, дека ти не ќе го спасиш мажот? Или од каде знаеш, о мажу, дека ти не ќе ја спасиш жена ти?

Живеј онака, како што Бог те повикал

17Само секој нека постапува така ка­ко што му определил Бог, како го по­ви­кал Господ. Така заповедам по сите цр­кви.

18Гал 3,28; 5,2Обрезан ли е повикан некој, нека не крие; необрезан ли е повикан некој, не­ка не се обрезува.

19Рим 2,25-27; Гал 5,6; 6,15Обрезанието е ништо, и необре­за­нието е ништо, а чувањето на Божјите заповеди е сѐ.

20Секој да си остане во звањето во кое е повикан.

21Ако си повикан како роб, да немаш грижа; но, дури и ако можеш да станеш слободен, уште повеќе ползувај се од ропството.

22Ефес 6,6; Фил 1,16Зашто кој е повикан во Господ како роб, станува Господов ослободеник; ис­то така и кој е повикан како ослободе­ник станува роб Христов.

236,20Вие сте скапо платени! Не станувај­те робови на луѓе!

247,17Секој што е повикан, браќа, во него нека остане и пред Бога.

Прашања кои се однесуваат за небрачни лица и вдовици

25А што се однесува до девиците, за нив немам заповед од Господ, но давам совет како човек, кој е помилуван од Господ да биде верен.

26Поради сегашната потреба го на­оѓам за добро ова: добро е за човекот да остане таков.

27Сврзан ли си со жена, не барај раз­вод; разврзан ли си од жена, не барај жена.

28Но, ако се ожениш, нема да згре­шиш; и девицата, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволји, а јас, пак, повеќе би сакал да ве поштедам.

29Лк 14,26; Рим 13,11Ова ви го велам, браќа, зашто времето натаму е кратко, та оние, што имаат жена, да бидат како да ја немаат;

301 Јн 2,15-17и кои плачат – како да не плачат; и кои се радуваат – како да не се радуваат; и кои купуваат – како да немаат ништо,

31и кои се ползуваат од овој свет – ка­ко да не се ползуваат; зашто ликот на овој свет е минлив.

321 Сол 4,1Јас, пак, сакам вие да бидете без грижи. Неженетиот се грижи за Гос­по­дови работи, – како да Му угоди на Гос­под;

33а женетиот се грижи за световни работи – како да ѝ угоди на жената.

341 Тим 5,5Тука е разликата меѓу жената и де­војката. Немажената жена се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господ, за да биде света со телото и со духот; а омажената се грижи за светов­ни работи – како да му угоди на мажот свој.

35Ова ви го зборувам за ваша корист, не да ви поставам стапица, туку при­мерно и непречено да бидете приврзани на Господ.

36Ако некој мисли дека е срамно де­вицата негова да му остане таква во на­предната возраст, тој нека прави како сака; нема да погреши; таквите нека се мажат.

37А кој е тврд во срцето свое и нема потреба, а има власт над својата волја, па реши во срцето свое да ја зачува својата девица, тој добро прави.

38Така оној, кој ќе ја омажи својата девица, добро прави; а оној, што нема да ја омажи, подобро прави.

39Рим 7,2Жената е врзана додека е жив мажот нејзин; а ако умре мажот нејзин, таа е слободна да се премажи за кого са­ка, но само во името на Господ.

402 Кор 10,7Само, поблажена е ако си остане та­ка, според моето мислење; а мислам де­ка и јас имам Дух Божји.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help