Псалми 148 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ПСАЛМ 148Сион нека Го фали Господа

1Алилуја! Фалете Го Господа на небесата, фалете Го, на висините.

2103,20-21; Јов 38,7Фалете Го, сите ангели Негови, фа­лете Го, сите војски Негови.

3Фалете Го, сонце и месечино, фале­те Го сите ѕвезди и светила.

41 Мојс 1,7; 1 Цар 8,27Фалете Го, небеса на небесата и води над небесата.

5Нека го фалат името на Господ, зашто Тој заповеда – и се создадоа;

6111,8; Ер 31,35-36ги постави засекогаш и за вечни времиња; даде наредби кои нема да се нарушат.

7Фалете Го Господа од Земјата, вие, сите чудовишта и бездни;

8103,20-21; 147,16огнот и градот, снегот и мразот, и ти, бурен ветру, кој го исполнуваш сло­вото Негово;

9Ис 44,23; 55,11гори и сите возвишенија, плодородни дрвја и сите кедри,

10Ис 43,20ѕверови и сиот добиток, влекачи и птици крилати,

11цареви земни и сите народи, кнезови и сите земни судии,

12Ер 31,13момчиња и девојки, старци и деца –

1389,17; 108,5; 113,4; Ис 12,4сите нека го фалат името на Гос­под; зашто е само Неговото име воз­вишено; Него Го фалат на небото и на Земјата.

145 Мојс 7,6; Ефес 2,13Тој ќе ја подигне силата на Својот народ; Тој ги прославува сите Свои светии, синовите Израелови, на народот, кој Му е близок.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help