Откровение 17 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Вавилон – големата блудница

1 Ер 51,7.13; Наум 3,4 Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте ча­ши, и зборуваше со мене, велејќи ми: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница која седи над многу води;

214,8; Ис 23,17со неа блудствуваа земните цареви, и со виното на нејзиното блудство се опи­ја жителите на земјата!“

313,1И ме одведе со духот во пустина: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и има­ше седум глави и десет рогови.

418,16; Ер 51,7; Ез 28,13А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, со дра­го­цени камења и бисери. Во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино.

52 Сол 2,7А на челото ѝ беше напишано име­то: „Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии.“

616,6И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и со крвта на сведо­ците Исусови; и се зачудив многу кога ја видов.

7И ми рече ангелот: „Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови.

83,5; 11,7; Дан 7,3Ѕверот, што го виде ти, беше и го не­ма; тој ќе излезе од бездната и ќе за­ги­не; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, кога ќе видат дека ѕверот беше и го нема, иа­ко постои.

913,18Овде е потребен ум што има муд­рост. Седумте глави, тоа се седумте го­ри врз кои седи жената;

10а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане.

11И ѕверот што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине.

12Дан 7,24А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не при­мија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот.

13Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот.

1414,4; 5 Мојс 10,17; Дан 2,47Тие ќе војуваат против Јагнето, и Јагнето ќе ги победи, зашто Тој е Гос­подар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.“

15И ми рече: „Водите што ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се лу­ѓе­то и народите, племињата и јазиците.

1618,8; 3 Мојс 21,9; Ис 47,8-9А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат.

17Зашто Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се до­говорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо.

18А жената, која ја виде ти, е го­ле­ми­от град кој царува над земните цареви.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help