1 Летописи 23 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Бројот на левитите и нивната служба

1 1 Цар 1,1.30; 2 Лет 1,8 Кога остаре и се засити од животот, Давид го постави за цар над Израел синот свој Соломон.

2И ги собра сите началници израел­ски, свештениците и левитите;

34 Мојс 4,3; 8,24а левитите од триесет години и на­горе беа преброени: бројот нивни, на сите до еден, беше триесет и осум илјади души.

4Ез 44,24; Неем 4,10; 2 Лет 19,8Од нив беа определени за работа во домот Господов дваесет и четири илјади, писари и судии – шест илјади,

54 Мојс 3,17; Пс 92,2; Неем 12,45; 2 Лет 8,14четири илјади вратари и четири илјади, оние што ќе Го слават Гос­пода со свирки, направени од Давид за про­славување на Господ.

6И ги раздели Давид на смени според Левиевите синови – Гирсон, Каат и Мерари.

7Од Гирсоновите беа: Ладан и Семеј.

8Синови Ладанови: прв Јехиил, Зетам и Јоил – тројца.

9Синови Семеиеви: Шеломит, Хазиел и Аран – тројца. Тие беа Ладанови ро­довски началници.

10А и уште синовите Семеиеви: Ја­хат, Зина, Јеус, Берија. Тоа беа синови Семеиеви – уште четворица.

11Јахат беше главен, Зина втор; Јеус и Берија имаа малку деца, затоа беа приброени со татковиот дом.

122 Мојс 6,18Синовите Каатови: Амрам, Ицхар, Хеврон и Узиил – четворица.

132 Мојс 6,20; 30,7-10; 4 Мојс 6,23Синовите Амрамови: Арон и Мој­сеј. Арон беше определен да ги посветува најсветите работи довека, тој и синовите негови, за да кадат пред лицето на Господ, да Му служат и да го благословуваат Неговото име довека.

145 Мојс 33,1А Мојсеј, човек Божји, и сино­вите негови беа придодадени кон Левиевото племе.

152 Мојс 18,4Синови Мојсееви: Гершом и Елие­зер.

16Синови Гершомови: прв беше Шевуел.

17Синови Елиезерови беа: прв Рихавија. Други синови Елиезер нема­ше; а Рихавија имаше многу синови.

18Синови Јицхарови: прв Шеломит.

19Синови Хевронови: прв Јерија, втор Амарија, трет Јахазиел и четврти Јекамам.

20Синови Узиилови: прв Миха и втор Јишија.

212 Мојс 6,19Синови Мерариеви: Махли и Муши. Синови Махлиеви: Елеазар и Кис.

224 Мојс 36,8Елеазар умре и немаше синови, ту­ку само ќерки; и се оженија со нив синови Кисови, нивни братучеди.

23Синови Мушиеви: Махли, Едер и Јеремот – тројца.

2423,3; 4 Мојс 4,3Тоа беа синовите Левиеви според домовите на татковците нивни, глави на домовите, што беа преброени сите до еден по име, а кои ги вршеа службите во домот Господов, од дваесет години нагоре.

25Зашто Давид рече: „Господ, Бог Израелов, му даде мир на Својот народ и го насели во Ерусалим засекогаш,

264 Мојс 4,5.15та левитите нема да имаат потреба да ја носат скинијата и секакви нејзини предмети за служење во неа.“

27Затоа, според последните Давидо­ви заповеди, беа преброени левитите од дваесет години и нагоре,

284 Мојс 1,50-53; 3,6-9; 4,1-33

Неем 13,9; 2 Лет 29,15за да бидат покрај синовите Аро­нови, да служат во домот Господов, во дворот и во тремовите, да пазат на чистота во целото светилиште и да ја извршуваат секоја служба во Божјиот дом;

292 Мојс 25,30; 3 Мојс 2,4-7да ги надгледуваат принесените лебови, пченичното брашно за лебен принос, пресните пити, сѐ печено и пржено и над сите мерки и тежини;

30Пс 134,1секое утро да стојат за да благодарат и да Го славословат Господа, како и навечер,

312 Цар 4,23; Ис 1,13-14; Кол 2,16при сите сепаленици, принесувани на Господ во саботни дни, во ново­месечијата и во празниците според бројот, како што е заповедано за нив, – постојано пред лицето на Господ, –

324 Мојс 3,6-8.38; Ез 44,14; 2 Лет 23,18и да ја пазат скинијата на собранието, светилиштето и синовите Аронови, нивни браќа, на службите во домот Господов.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help