Изреки 13 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 15,5.32 Мудриот син ја слуша татковата поука, а непослушниот не го слуша прекорот.

212,14; 18,20Од плодот на устата своја човекот ќе вкуси добро, а душата на беззаконикот е полна со насилство.

310,19; 18,21; 21,23Кој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја; а кој широко ја отвора устата своја, тешко нему.

410,4; 12,27Душата на мрзливиот посакува, но напразно; а душата на работливиот ќе се насити.

511,12; 23,9Праведниот го мрази лажливиот збор, а безбожниот се однесува бесрамно и одвратно.

611,3.5Правдата го чува непорочниот, а безбожноста го погубува грешникот.

711,24; 12,9Некој се покажува богат, а нема ништо; друг се прикажува за сиромав, а има големо богатство.

822,2; 23,4Понекогаш богатиот со пари го откупува својот живот, додека сиромавиот не треба од тоа да се плаши.

94,18; 20,20; 24,20Светлината на праведниците свети силно, а светилото на нечесните згаснува.

1011,2Од гордоста произлегува кавга, а мудроста е во оние што примаат совет.

1110,2; 20,21; 21,6Богатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува.

1215,13.15; 27,19Надежта, долго неостварена, го изнемоштува срцето, а исполнетата желба е како дрво на животот.

1313,21Кој не води грижа за словото, тој си штети, а кој се бои од заповедта, нему ќе му се даде награда.

1414,27Поуката на мудриот е извор на животот; таа го избавува од мрежите на смртта.

153,4; 21,8Добриот разум донесува пријатност, а патот на беззакониците, води во пропаст.

1612,23; 15,2Секој благоразумен работи со знае­ње, а глупавиот се истакнува со глупости.

1725,13Лош гласник носи беда, а верен гласник е спасение.

1815,5Немаштија и срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ќе се прослави.

191 Мојс 3,6; Пс 10,3Исполнетата желба е пријатна за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото.

2014,7; 15,7Кој се состанува со мудри, мудар ќе биде; а кој другарува со безумни, глупав ќе биде.

2110,24Грешниците злото ги гони, а на праведниците им се враќа добро.

2228,8Добриот остава наследство и на внуци, а богатството на грешникот се чува за праведните.

2315,25; 22,28; 23,10Праведните имаат богатство многу години, неправедните бргу го загубуваат.

2419,18; 22,15; 23,13-14; 29,15.17Кој ја жали прачката, го мрази синот свој; а кој го сака, го казнува од детските години.

2510,3Праведникот јаде до наситување, а стомакот на беззакониците трпи од не­достиг.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help