Левитска Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведУште во првиот стих од книгата Левитска, библискиот писател ни соопштува како Бог го повикува Мојсеј од скинијата на собранието. И натаму, низ текстот на целата книга, Бог му соопштува на Мојсеј голем број закони и наредби за народот на Израел, со ветување дека секој, кој ќе ги извршува „жив ќе биде“ (18,5; Рим 10,5). Со еден збор, Бог им објаснува на Евреите како да ги надминат пречките во општењето со Него. За да биде скинијата навистина место за „средби“, потребно е оние што ги принесуваат жртвите тоа да го прават според законите (1–7); свештениците да бидат почитувани и да имаат достоинствено однесување (8–10), но исто така и секој член на општеството. Колку што е тоа возможно, да се избегнува телесната нечистота (11–16), како и моралните и религиозни застранувања (17–27). Бог на светоста, Бог на животот, Бог на љубовта, сака Неговиот народ да се доближи до Неговата светост (19,2), за да може и тој самиот да стане носител на живот и љубов. Имено, во таа смисла Тој им ја дава на Израелците онаа заповед, чиј основен карактер се истакнува и од самиот Спасител Исус Христос: „Сакај го ближниот свој како самиот себе“ (19,18; Мт 22,39).Овие закони, кои често му изгледаат необични на современиот читател, претставуваат вечно потсетување за верните дека општењето со Бога е животна потреба за човекот.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help