Судии 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Триста мажи за Гедеон

1 6,11; 6,32 Јероваал, односно Гедеон, и сиот народ што беше со него, тргнаа рано утрината и се сместија кај Ен-Ха­род; мидјанскиот, пак, логор беше на север од него, кај ридот Море, во до­лината.

25 Мојс 8,17-18И Господ му рече на Гедеон: „Со тебе има многу народ, не можам да ги предадам Мидјаните во негови раце за да не се возгордее Израел пред Мене и да каже: ‚мојата рака ме спаси‘.

35 Мојс 20,8Затоа разгласи да чуе народот, и кажи: ‚Кој страхува и е плашлив, нека се врати и веднаш нека оди на гората Галаад.‘“ И се вратија од народот дваесет и две илјади мажи, а десет илјади останаа.

4И му рече Господ на Гедеон: „Народ сѐ уште има многу; одведи ги кај водата, таму ќе ти ги одберам; за кого ќе речам: ‚да оди со тебе‘, нека оди со тебе; а за кого ќе ти кажам: ‚не треба да оди со тебе‘, нека не оди.“

5Тој го одведе народот кај водата. И му рече Господ на Гедеон: „Кој лока вода со јазикот свој, како што лока куче, него стави го настрана, исто така и сите оние што клекнуваат за да пијат вода.“

6И бројот на оние што локаа со уста од рака, изнесуваше триста мажи; а сиот друг народ клекнуваше на коленици, за да пие вода.

7Ис.Н. 8,7И му рече Господ на Гедеон: „Со тие триста што локаа, ќе ве спасам и ќе ви ги предадам Мидјаните во рацете ваши, а сите други нека си одат секој во своето место.“

8И тие ја зедоа храната од народот за себе и трубите нивни, и Гедеон ги пуш­ти сите Израелци да се вратат дома, а задржа кај себе триста души. Мид­јан­скиот логор, пак, беше подолу од него – во долината.

Претскажување победа

9Во онаа ноќ Господ му рече: „Стани, слези во логорот, зашто ти го предадов во твои раце.

10Ако, пак, се плашиш да слезеш сам, оди во логорот со Пура, слугата свој;

11и ќе слушнеш што зборуваат, и тогаш ќе се зацврстат рацете твои, и ќе слезеш во логорот.“ И слегоа тој и Пура, слугата негов, до војниците, што беа во логорот.

126,5; Ер 46,23А Мидјаните и Амаликијците и сите жители од исток се беа сместиле по долината во големо множество, како скакулци; камилите нивни беа безброј, беа многу – како песокот на морскиот брег.

131 Мојс 37,5-11; 40,5–41,36Гедеон дојде. И ете, еден му го раскажува сонот на друг и вели: „Сонив дека еден тркалезен јачменов леб се тркала по мидјанскиот логор и откако се отркала до шаторот, удри во него така што тој падна, го собори, и ша­торот се растури.“

14Другиот му одговори: „Тоа не е ништо друго, туку мечот на Гедеон, синот на Јоас, Израелецот; Бог ги пре­дал во рацете негови Мидјаните и целиот логор.“

15Откако го слушна прикажувањето за сонот и толкувањето негово, Гедеон се поклони, се врати во израелскиот логор и рече: „Станувајте! Господ го пре­даде во рацете ваши мидјанскиот логор.“

Мидјаните бегаат

16 9,43; 1 Сам 11,11; 13,17 И ги распореди тристоте мажи во три чети и на сите им даде по една труба и празни стомни и во стомните свеќи.

17И им рече: „Гледајте ме мене и правете го истото; ете, ќе се доближам до логорот, и што ќе правам јас, тоа правете го и вие.

18Кога јас и тие што се со мене ќе затрубиме со труба, трубете и вие со вашите труби околу целиот логор и викајте: ‚За Господ и за Гедеон!‘“

19И дојде Гедеон со стоте мажи кои беа со него до крајот од логорот, околу почетокот на средната стража, ги разбудија стражарите, затрубија со трубите и ги скршија стомните што беа во рацете нивни.

20И затрубија сите три чети со труби, и ги скршија стомните, и ги држеа во левата рака свеќите, а во десната рака трубите, трубеа и викаа: „Меч Господов и Гедеонов!“

21И секој стоеше на местото свое околу логорот; тогаш во целиот логор се растрчаа, развикаа и почнаа да бе­гаат.

221 Сам 14,20; Ис 19,2; Ез 38,21; Агеј 2,22Додека тие триста мажи трубеа со труби, Господ го сврте мечот на секого против другарот негов по целиот логор, и војската бегаше до Бет-Шита кај Церера, сѐ до пределите на Авел-Ме­хола, близу до Табат.

23Тогаш Израелците од племето Нефталимово, Асирово и од целото племе Манасиево беа повикани и се впуштија по Мидјаните.

24А Гедеон испрати гласници по целата Гора Ефремова да кажат: „Из­ле­зете им во пресрет на Мидјаните и заземете им ги премините во водите на Јордан до Бет-Бара.“ И беа повикани сите Ефремци, и ги зазедоа премините во водите на Јордан до Бет-Бара;

258,3; Пс 83,11и ги фатија двајцата мидјански кнезови: Орев и Зев; Орев го убија кај Карпата на Орев, а Зев – кај Зевова Преса, и ги гонеа Мидјаните; главите, пак, на Орев и Зев му ги однесоа на Гедеон од онаа страна на Јордан.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help