Матеј 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Беседа на гората(Мк 3,13; Лк 6,12–13,20)

1 или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сѐ!

193 Мојс 19,15; Јк 2,10И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе се нарече најмал во царството небесно, а оној што ќе ги исполни и поучи, тој ќе се нарече голем во цар­ството небесно.

2018,3; 1 Мојс 15,6; Пс 69,27; Јн 3,5; Рим 10,3; Фил 3,9Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книж­ниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно!“

За гневот и помирувањето(Мк 11,25; Лк 12,57-59)

21 2 Мојс 20,13; 3 Мојс 24,17; 4 Мојс 35,16-18.21; 5 Мојс 5,17; Јк 2,11 „Сте слушале дека им било речено на старите: ‚Не убивај! А кој ќе убие, ќе биде осуден пред судот.‘

2210,28; 18,9; Ер 7,31; 2 Лет 28,3; 33,6; Ефес 4,26; 1 Јн 3,15Јас, пак, ви велам дека секој, што се гневи на брата си (без причина), ќе биде осуден пред судот; а оној што ќе го на­рече брата си ‚празноглав‘, ќе биде осуден пред врховниот суд; оној, пак, што ќе рече ‚будала‘, ќе биде осуден за во пеколот.

23Мк 11,25; Лк 12,5И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе,

24тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот.

25Лк 12,58-59Измири се со противникот твој на­време, уште додека си на пат со него, за да не те предаде на судијата, а судијата – на служителот и да бидеш фрлен в затвор;

2618,34вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, сѐ додека не ја дадеш и последната пара.“

За прељубата и соблазната(Мт 18,8-9; Мк 9,43.47-48)

27 19,18; 2 Мојс 20,14; 5 Мојс 5,18; Мал 2,14-16; Рим 13,9; Јк 2,11 „Сте слушале дека на старите им било речено: ‚Не прељубодејствувај!‘

28Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе из­вршил прељуба со неа во срцето свое.

2918,6-9; Пс 124,7; Рим 9,33; 1 Птр 2,8Ако те наведува на грев десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да изгубиш еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот.

30Мк 9,42И десната рака, ако те наведува на грев, исечи ја и фрли ја од себе; зашто подобро ти е да изгубиш еден дел, от­колку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.“

За разводот(Мт 19,9; Мк 10,11-12; Лк 16,18)

31 19,3-9; 5 Мојс 24,1; Мк 10,4 „Речено било исто така: ‚Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде разводно писмо.‘

32Мк 10,11; Дела 15,20.29; 1 Кор 7,10-11А Јас пак ви велам: секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја тера да прељубодејствува; и кој ќе се ожени со така напуштена, тој прељубодејствува.“

За заклетвите

33 2 Мојс 20,7; 3 Мојс 19,12; 4 Мојс 30,3; 5 Мојс 23,22 „Сте го слушале уште и тоа дека им било речено на старите – ‚Не колни се криво, а заклетвите пред Господ исполнувај ги.‘

34Ис 66,1; Дела 7,49

Јк 5,12

23,22
Јас, пак, ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, зашто тоа е престол Божји;

35Пс 48,1-2ниту во земјата, зашто таа е под­ножје на нозете Негови; ниту во Еру­са­лим, зашто е град на великиот Цар.

36Не колни се ни во главата своја, за­што не можеш ниту едно влакно од ко­сата своја да направиш бело или цр­но.

372 Кор 1,17-20Но зборот ваш да биде: ‚да‘, ‚да‘, или ‚не‘, ‚не‘, а сѐ што е повеќе од тоа, од лукавиот е.“

За одмаздувањето(Лк 6,29-30)

38 2 Мојс 21,24; 3 Мојс 24,20; 5 Мојс 19,21 „Сте слушале дека е речено: ‚Око за око, заб за заб.‘

39Лк 6,29

2 Мојс 21,25; Плач 3,30; Рим 12,19.21Јас, пак, ви велам: не противете се на лукавиот. Ако некој те удри по дес­ниот образ, заврти му го и другиот.

40А оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе кошулата, дај му ја и на­метката.

41И ако некој те присили да одиш со него една милја, ти оди две.

425 Мојс 15,8; Лк 6,30На оној што бара од тебе, дај му, и не одбивај го оној што ти сака нешто на заем.“

Љубов кон непријателите(Лк 6,27-28.32-36)

43 10,22; 19,19; 3 Мојс 19,18; Пс 139,21; Лк 10,27; Јк 2,8 „Сте слушале дека е кажано: ‚Љуби го својот ближен, а мрази го неприја­те­лот.‘

442 Мојс 23,4-5; Изреки 25,21; Лк 6,27-28.35; Дела 7,60; 1 Кор 4,12А јас, пак, ви велам: љубете ги не­пријателите свои, (благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат) и молете се за оние што ве (навредуваат и) гонат,

45за да бидете синови на Вашиот Отец небесен; зашто Тој го остава Сво­ето сонце да грее и над лошите и над добрите, и им праќа дожд и на праведните и на грешните.

4610,41-42; Лк 6,32Зашто, ако ги сакате оние што вас ве сакаат, каква ќе ви биде наградата? Зар не го прават тоа и цариниците?

47И, ако ги поздравувате само бра­ќа­та свои, што особено правите? Не пос­та­пуваат ли така и незнабошците?

483 Мојс 11,44-45; 19,2; 1 Птр 1,16; Јк 1,4Но бидете совршени како што е со­вршен вашиот Отец небесен.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help