1 1 Лет; 17,1-15 Откако царот заживеа во својот дом, и Господ го беше успокоил од сите негови околни непријатели,
212,1.5.7.13.15; 1 Цар 1,8.10.11; 1 Лет 29,29царот му рече на пророкот Натан: „Ете, јас живеам во кедров дом, а Божјиот ковчег стои под шатор.“
35,10; 7,9; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Суд 6,12; 1 Сам 10,7А Натан му одговори на царот: „Оди, прави сѐ што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.“
4Ер 1,4; 34,1.8; Ез 3,16; 6,1; Соф 1,1Но во истата ноќ дојде ова слово Господово до Натан:
54 Мојс 12,7; 5 Мојс 9,27; Ис.Н. 24,29; 1 Цар 8,17-19; Ис 42,1; 1 Лет 22,7; 28,2; Дела 7,46„Оди, кажи му на Мојот слуга Давид: Вака говори Господ: ‚Ти ли ќе Ми изградиш дом за да живеам во него,
61 Цар 8,16.27; Ис 66,1; Дела 7,48кога Јас не сум живеел во дом, откако ги изведов синовите Израелови од Египет и до денес, но престојував во шаторот и во скинијата.
72 Мојс 40,34-38; 3 Мојс 26,11-12Каде и да одев со сите синови Израелови, му кажав ли барем еден збор на некое од племињата, на кое сум му наложувал да го пасе Мојот народ Израел: зошто не ми изградивте кедров дом?‘
85,2; 6,21; Пс 78,70-72; 1 Лет 28,4А сега, кажи му така на мојот слуга Давид: вака вели Господ Саваот: ‚Јас те зедов од овчото стадо за да бидеш водач на Мојот народ Израел;
9и секогаш бев со тебе, каде и да одеше, ги истребував пред твои очи сите твои непријатели, и ќе го возвеличам твоето име, како името на големите луѓе на земјата.
102 Мојс 15,17; 1 Сам 12,8; 2 Цар 21,8; Ер 24,6Јас ќе одредам место за Мојот народ, за Израел, ќе го утврдам, и тој спокојно ќе живее на своето место и нема повеќе да се обеспокојува, и нечесните луѓе нема повеќе да го понижуваат, како порано,
111 Сам 25,28; 23,5; 1 Цар 11,38; Пс 89,29-37од денот кога Јас определив судии над Својот Израел; и Јас ќе те успокојам од сите твои непријатели. И Господ те известува дека Тој ќе ти подигне дом.
121 Цар 8,20; Пс 89,4.29.36; 132,11-12; Јн 7,42; Дела; 2,29-31; 13,32-34; Рим 1,3; 2 Тим 2,8А кога ќе завршат твоите дни, и ти ќе починеш кај татковците свои, Јас ќе го воздигнам по тебе твоето семе што ќе произлезе од твоите бедра, и ќе го зацврстам царството негово.
131 Цар 2,24; 5,19; 8,19; 1 Лет 22,10; 28,6-7; Лк 1,32Тој ќе изгради дом на името Мое, и Јас ќе го утврдам престолот на царството негово засекогаш.
141 Лет 22,10; 28,6; Пс 2,7; 89,27-38; Лк 1,32; Евр 1,5Јас ќе му бидам Татко, и тој ќе Ми биде син; и ако згреши, ќе го казнам со стап човечки и со удари на синови човечки;
151 Сам 15,23.28; 1 Цар 11,13.34но милоста Своја нема да ја кренам од него, како што ја кренав од Саул, кога Јас го отфрлив пред лицето твое.
161 Сам 25,28; 1 Цар 2,45; Пс 89,35-37; Лк 1,33И ќе биде непоколеблив твојот дом и твоето царство засекогаш пред лицето Мое, и престолот твој ќе остане засекогаш.‘“
17Сите овие зборови и целото тоа видение Натан му го кажа на Давид.
Молитвата на Давид18 1 Лет 17,16-27 2 Мојс 3,11; Суд 6,15; 1 Сам 9,21 Тогаш отиде цар Давид, застана пред лицето на Господ, и рече: „Кој сум јас, Господи, и што е домот мој, та толку ме возвеличи!
19Па и тоа дури се покажа сосема малку во Твоите очи, Господи, Боже мој; но Ти извести уште за домот на Твојот слуга далечна иднина, тоа го поставуваш како закон за луѓето, Господи, Боже мој!
20Што уште може да ти каже Давид? Ти го познаваш Твојот слуга, Господи мој, Господи!
21Ти го правиш ова заради зборот Свој и по срцето Свое, откривајќи му ги на слугата Свој сите големи работи.
222 Мојс 15,11; 1 Цар 8,23; Ер 10,6-7; Пс 48,1; 86,10; 104,1Затоа во сѐ си голем Ти, Господи, Боже мој, зашто нема сличен на Тебе и нема Бог, освен Тебе, по сѐ што сме слушале со ушите свои.
235 Мојс 4,7.32-38И кој друг народ на земјата е како Твојот народ – Израел; за кој доаѓал Бог да Си го откупи за свој народ, да го прослави името Свое и да изврши големи и страшни чуда пред Својот народ, кој Ти си го придобил од Египќаните, прогонувајќи ги народите и боговите нивни?
245 Мојс 26,18-19; 29,12; 1 Сам 12,22И Ти го одреди за Себе Твојот народ Израел како Свој сопствен народ засекогаш, и Ти, Господи, стана негов Бог.
25А сега, Господи Боже, утврди го засекогаш зборот што си го изрекол за Твојот слуга и за домот негов и исполни го она што си го изрекол.
26Нека се возвеличи името Твое засекогаш, та да велат: ‚Господ Саваот е Бог над Израел.‘ И домот на Твојот слуга Давид да биде цврст пред Твоето лице.
277,13; 1 Цар 8,24Бидејќи Ти, Господи Саваоте, Боже Израелов, му откри на Твојот слуга, велејќи: ‚Ќе ти воздигнам дом‘, Твојот слуга го подготви срцето свое да Ти се моли со таа молитва.
281 Цар 8,26И така, Господи, Боже мој! Ти си Бог, и Твоите зборови се неизменливи, и Ти му вети на Твојот слуга големо добро.
29Пс 89,28-29А сега благоволи и благослови го домот на Твојот слуга, та тој да биде вечно пред Твоето лице, зашто Ти, Господи, Боже мој, го објави тоа, и со Твојот благослов домот на Твојот слуга ќе стане благословен засекогаш.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.