Езекиел 27 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Тагување поради падот на Тир

1И дојде слово Господово до мене:

2„А ти, сине човечки, викни, па за­плачи по Тир.

3И кажи му на Тир, кој се населил при влезот на морето, и тргува со народите од многу острови – вака вели Гос­под Бог: Тире, ти велиш: ‚јас сум сов­ршена убавина.‘“

4Твоите предели се во срцето на мо­рињата; твоите градители совршено ја изградиле твојата складност;

5од сенирски кипариси ги направија сите твои подови; зедоа од Ливан кедри, за да ти направат јарболи;

6Ис 2,13; Зах 11,2од башански дабови правеа весла; столовите ги правеа до буково дрво, ишарано со слонова коска од китимските острови,

7од шарени египетски ткаенини ти беа бродските платна што ти служеа како знаме; сини и пурпурни ткаенини се земаа од елишките острови за покривала.

8Жителите сидонски и арвадски ти беа веслачи; Тире, ти имаше вешти луѓе; тие ти беа кормилари.

9Старешините од Гевла и неговите вешти луѓе ти служеа за разни поправки; ти имаше секакви морски бродови и кораби со платна, кои ти служеа за тргување.

1030,5; 38,5Војници од Персија, од Луд и од Пут се наоѓаа во твојата војска; закачуваа по тебе штитови и шлемови; тие ти придаваа величие.

11Синовите Арвадски со твојата сопствена војска стоеја наоколу по твоите ѕидови; и Гамадимците стоеја на кулите твои; тие беа ги закачиле своите шти­тови по твоите ѕидови наоколу; и тие ти ја претставуваа твојата убавина.

12Откр 18,3Тарсис тргуваше со тебе, располагајќи со различно богатство, за стоките твои плаќаше сребро, железо, олово и калај.

13Откр 18,13Јаван, Тувал и Мешех тргуваа со тебе, разменувајќи ги стоките за луѓе и бакарни садови.

14Од Бет-Тогарма ти донесуваа за стоките твои коњи, коњаници и маски.

15Синовите на Дедан тргуваа со тебе; многу острови вршеа со тебе размена, ти плаќаа со слонова коска и абанос.

16Поради големото твое трговско богатство, тргуваа со тебе и Арамеј­ците; за стоките твои ти плаќаа со сма­рагд, пурпурно шарени ткаенини и висон, со корали и рубини.

17Јудеја и земјата израелска тргуваа исто така со тебе; за твојата стока ти плаќаа со пченица, мириси и мед, масло и балсам.

18Дамаск поради богатството во стоки, поради изобилието на секакви работи, ти донесуваше хелбонско вино и волна од Цахар.

19Дан и Јаван од Узал ти плаќаа за твоите стоки со изработки од железо, касија и цимет, за размена.

20Со тебе тргуваше и Дедан со ска­поцени волнени покривки за седла.

211 Цар 10,15Арабија и сите кедарски кнезови вршеа размена со тебе: на јагниња, овни и кози.

221 Цар 10,10Трговците од Сева и Рама тргуваа со тебе со секакви најблагопријатни ми­риси и со секакви скапоцени камења, и злато ти плаќаа за твоите стоки.

23Харан, Кане и Еден, трговците од Сева, Асирија и Килмад исто така тргуваа со тебе.

24Откр 18,11-19Тие ти продаваа скапоцени облеки од свилени и шарени материи што ги носеа на пазарите твои во скапи сандаци, направени од кедар и добро вр­зани.

25Бродовите од Тарсис беа твои каравани во трговијата, и ти стана богат и многу славен меѓу морињата.

26Весларите твои те одведоа во го­лемите води; источниот ветар те разби среде морињата.

27Твоето богатство и твоите стоки, сите твои ризници, твоите бродари и твоите кормилари, кои ги поправаа твоите кораби, и ја пренесуваа твојата трговија, сите твои војници, какви што ги имаше и сето множество народ твој, при твоето паѓање ќе потонат на дното од морето.

28Од пискотот на твоите кормилари ќе затреперат и околните места.

29И ете од корабите ќе излезат сите веслари, бродари, сите кормилари мор­ски и ќе излезат на земјата.

30Со висок глас ќе заплачат за тебе и тешко ќе заофкаат, ставајќи си пепел на главите свои и валкајќи се во прав.

31Јов 1,20Ќе ја истрижат за тебе косата своја до черепот, а ќе опашаат вреќишта и со горчлив плач ќе заплачат за тебе од душевна мака.

32И во тагата своја ќе запеат за тебе жална песна, и така тие ќе заплачат за тебе: „Кој е како Тир, така разрушен среде морињата!“

33Откр 18,3Кога доаѓаа од морињата твоите стоки, ти задоволуваше многу народи; со големото богатство и со трговијата ти ги богатеше царевите на земјата.

34А кога беше ти разбиен од морињата во водената бездна, твоите стоки и сиот твој народ потона.

35Сите жители на островите се запрепастија за тебе и царевите нивни почнаа да треперат, лицата им се изме­нија.

36Трговците на другите народи си потсвиркуваа за тебе; ти стана како страшило и исчезна засекогаш.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help