Неемија 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Исповед на гревовите

1 Ис.Н. 7,6; 2 Лет 7,14 На дваесет и четвртиот ден од тој месец се собраа сите синови Из­раелови, постејќи, во вреќишта и со пепел на главите свои.

213,3.30; 3 Мојс 26,40; Езд 6,21И се оддели Израеловото семе од сите туѓинци, станаа, па ги исповедаа гревовите свои и престапите на тат­ковците свои.

3И стоеја на местата свои, и четврт ден читаа од книгата на законот Господов, својот Бог, а во другата четвртина се исповедаа и Му се поклонуваа на Господ, својот Бог.

4А тогаш левитите Јешуа, Ваниј, Кадмиел, Шеванија, Буниј, Шеревија, Ваниј и Кенаниј се искачија на повисоко место, наменето за левити, и силно повикаа кон Господ, својот Бог.

Свечена молитва

5 2 Сам 7,26; Пс 78,4 Потоа левитите Јешуа, Кадмиел, Ваниј, Хашавнеја, Шеревија, Ходија, Шеванија и Петахија рекоа: „Станете, славете Го Господа, вашиот Бог, одвека довека, и нека се славослови преслав­ното Твое име, кое е повисоко од секое славословие и похвала!“

61 Мојс 1,1; 5 Мојс 6,4; Ис 40,26; 45,12; Пс 95,5; 146,6; Дела 4,24; Откр 10,6И рече Ездра: „Ти, Господи, Кој си еден, Ти го создаде небото, небесата на небесата и сета нивна војска, земјата и сѐ што е по неа, морињата и сѐ што е во нив, и Ти го оживуваш сето тоа, и небесните воинства Ти се поклонуваат.

71 Мојс 12,1-3; 17,5Ти сам, Господи Боже, го избра Аврам, го изведе од Ур Халдејски и му даде име Авраам,

81 Мојс 15,18-21и го најде срцето негово верно пред Тебе, и склучи со него завет за да му ја дадеш нему и на семето негово земјата на Хананците, Хитијците, Аморејците, Перизијците, Јевусиј­ците и Гергесеј­ците. И Ти го исполни зборот Свој, заш­то си справедлив.

92 Мојс 2,23-25; 7–12Бидејќи Ти ја виде маката на предците наши во Египет и ја слушна нивната поплака кај Црвеното Море,

10и покажа знаци и чудеса над фараонот и над сите негови служи­тели и над сиот народ од земјата негова, бидејќи Ти знаеше, зашто тие постапија горделиво со нив, и Ти си создаде име до денес.

112 Мојс 14,15-30; 15,4-5.10Ти го пресече пред нив морето, и тие минаа среде море како по суво, а оние што те гонеа, Ти ги фрли во длабочините како камен во силни води.

122 Мојс 13,21-22Во облачен столб Ти ги водеше дење и во огнен столб – ноќе, за да им го осветлуваш патот, по кој требаше да одат.

132 Мојс 19; 5 Мојс 4,5-8И слезе Ти на гората Синај и го­вореше со нив од небото, им даде пра­веден суд, вистински закони, наредби и добри заповеди.

14И им ја покажа Твојата света сабота и преку Твојот слуга Мојсеј им даде заповеди, наредби и закон.

152 Мојс 16; 17,1-7; 5 Мојс 1,21И кога гладуваа, Ти им даваше леб од небото, а кога беа жедни, им извади вода од камен, и им рече да одат и да ја завладеат земјата, која Ти, откога ја крена раката, се заколна дека ќе им ја дадеш.

164 Мојс 14,1-4Но тие, нашите татковци, беа упорни, се покажаа тврдоглави и не ги послушаа Твоите заповеди;

172 Мојс 34,6-7не сакаа да се покоруваат и не се сетија на Твоите чудесни дела што ги беше направил со нив, станаа тврдо­глави и со својата упорност поста­вија над себеси водач за да се вратат во ропството свое. Но Ти си Бог, Кој сака да проштева, добар и милостив, долготрпелив и многумилостив, и Ти не ги остави.

182 Мојс 32,1-6И макар што беа излеале теле и беа рекле: ‚ете го твојот бог што те изведе од Египет‘ – и макар што правеа големи сквернавења,

192 Мојс 13,22Ти, поради големото Свое милоср­дие, не ги остави во пустината; об­лачниот столб не се одлепуваше од нив дење, за да ги води по патот, и огнениот столб – ноќе за да им свети по патот, по кој требаше да одат.

202 Мојс 16,15; 17,6; Ис 63,11.14; Агеј 2,5; Зах 4,6; Пс 23,3Ти им го даде Твојот благ Дух за да ги поучува, и не ја одземаше маната Своја од устата нивна, па и вода им даваше за гаснење на жедта нивна.

215 Мојс 8,4Четириесет години ги хранеше во пустината; но ништо не им недостасуваше, облеката не им оветвуваше, нозете не им потекуваа.

224 Мојс 21,21-35И Ти им даде царства и народи и им ги раздели, и тие ја завладеаја земјата на Сихон, царот на Есевон, и земјата на Ог, царот на Башан.

235 Мојс 1,10И им ги умножи синовите нивни како небесните ѕвезди и ги воведе во земјата, за која им беше говорел на татковците нивни дека ќе дојдат да ја владеат.

24И синовите нивни влегоа и ја завладеаја земјата. И Ти им ги пот­чини жителите на таа земја – Ханан­ците, и ги предаде во рацете нивни со царевите и народите на земјата за да постапуваат со нив според волјата своја.

25Ис.Н. 24,13И тие ги зазедоа утврдените градо­ви и плодната земја, и завладеаја куќи, полни со секаков имот, на­правени из­вори во камен, лозја и маслинови градини и многу плодни дрвја за храна. Тие јадеа, се наситуваа, се дебелеа и се на­сладуваа од Твојата голема добрина;

261 Цар 18,4.13; 19,10.14; Ер 2,30; 26,20-23; 2 Лет 24,20-22и тие станаа непокорни и се креваа против Тебе, го презреа Твојот закон, ги убиваа Твоите пророци, кои сведочеа да се обратат кон Тебе, и премногу хулеа.

27Суд 2,11-21И Ти затоа ги предаде во рацете на непријателите нивни, кои ги угнетуваа. Но секогаш кога, во тешко време за нив, ќе повикаа кон Тебе, Ти ги слу­шаше од небесата и, по големото Свое милосрдие, им даваше спасители што ги спасуваа од рацете на непријателите нивни.

28А кога се успокојуваа, пак поч­нуваа да прават зло пред Твоето лице, и Ти ги предаваше во рацете на непријателите нивни, и тие владееја со нив. Но кога пак ќе повикаа кон Тебе, Ти ги слу­шаше од небесата и, според големото Свое милосрдие, многупати ги спасуваше.

293 Мојс 18,5Ти им напомнуваше да се свртат кон Твојот закон, но тие беа тврдоглави и не ги слушаа Твоите запо­веди, се от­странуваа од Твоите зако­ни, преку кои би живеел човек, ако ги исполнуваше, го свиткаа грбот, се по­кажаа тврдокор­ни и не слушаа.

302 Цар 17,5-6; 23,31–25,21Чекајќи да се обратат, Ти ги трпе­ше многу години и им напомнуваше со Твојот Дух преку пророците Свои, но тие не слушаа. Тогаш ги предаде во рацете на туѓи народи.

312 Мојс 34,6Но, по големото Свое милосрдие, Ти не ги истреби докрај и не ги оставаше, бидејќи Ти си Бог добар и милос­тив.

325 Мојс 7,9И сега, Боже наш, Боже величес­твен, силен, страшен, Кој го пази заветот и милоста, нека не биде мало пред лицето Твое сето страдање што нѐ снај­де нас, царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши, татковците наши и сиот Твој народ од дните на асирските цареви до денес.

33Езд 9,15Во сѐ што нѐ снајде, Ти си праведен, зашто Ти постапуваш според правдата, а ние сме виновни.

342 Цар 23,11; Ер 44,17Царевите наши, кнезовите наши, свештениците наши и татковците наши не го извршуваа Твојот закон и не им посветуваа внимание на Твоите заповеди и Твоите удари, со кои ги потсетуваше.

355 Мојс 28,45-48; Ис 63,7И во своето царство, при Твојата голема добрина што им ја укажуваше, и во широката и плодородна земја што им ја оддели, тие не Ти служеа и не се одвратуваа од своите лоши дела.

36Езд 9,9И, еве, сега сме робови; во таа земја што Ти им ја даде на татковците наши за да се хранат од плодовите нејзини и од благата нејзини, еве, сега ние ѝ робуваме.

375 Мојс 28,33И своите плодови таа изобилно ги принесува за царевите, на кои нѐ пот­чини заради гревовите наши. И тие по своја волја владеат над телата наши, и над добитокот наш, и ние сме во голема мака.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help