1 113,1 Алилуја! Фалете го името Господово, фалете го, слуги Господови,
2134,1вие кои стоите во домот Господов, во дворовите од домот на нашиот Бог.
354,7; 106,1Фалете Го Господа, зашто Господ е добар; пејте Му на името Негово, зашто тоа е мило;
4Ис 41,8зашто Господ го избра Јаков за Себе, Израел за Свој сопствен посед.
595,3; 2 Мојс 18,11Бидејќи знам дека Господ е велик и дека нашиот Господ е над сите богови:
6115,3Господ прави сѐ што ќе посака, на небото и на Земјата, во морињата и во сите бездни;
7Ер 10,13; 51,15доведувајќи облаци од краиштата на земјата, молњи при дожд создаде, Тој, Кој ги изведува ветровите од скровиштата нивни,
878,51; 136,10; 2 Мојс 11,5; 12,28Оној, Кој ги порази првородените во Египет од човек до добиток,
95 Мојс 11,3покажа знаци и чудеса среде тебе, Египте, на фараонот и врз сите слуги негови,
10136,17-22; 5 Мојс 1,4порази многу народи и истреби силни цареви:
114 Мојс 21,33-34; Неем 9,22Сихон, царот аморејски, и Ог, царот башански, и сите цареви ханански;
12и му ја даде нивната земја во наследство на Својот народ Израел.
13102,12; 2 Мојс 3,15Господи, името Твое е вечно; Господи, споменот за Тебе е од род во род.
1472,2; 5 Мојс 32,36; Евр 10,30Зашто Господ ќе го штити Својот народ и ќе биде милостив над слугите Свои.
15115,4-8; 5 Мојс 4,28Идолите на незнабошците се сребро и злато, дело на раце човечки;
16имаат уста, но не говорат; имаат очи, но не гледаат;
17имаат уши, но не слушаат ниту, пак, во устата нивна има здив.
18Слични на нив ќе бидат и оние, кои ги прават, и секој кој на нив се надева.
19Доме Израелов, благословувај Го Господа! Доме Аронов, благословувај Го Господа!
20Доме Левиев, благословувај Го Господа! И вие, кои се боите од Господ, благословувајте Го Господа!
21Нека е благословен Господ од Сион, Кој живее во Ерусалим!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
