Езекиел 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Казна за Ерусалим

1Извика на ушите Мои со силен глас и рече: „Нека се приближат оние, што сакаат да го казнат градот, секој со своето убиствено оружје во рацете.“

2И ете, шестмина луѓе влегуваат од горната врата свртени кон север и кај секого во раката убиствено сечиво, а меѓу нив еден облечен во ленена облека, а на појасот негов сафир и дојдоа, па застанаа до бронзениот жртвеник.

31,28И славата на Бог Израелов се спушти од херувимите, на кои беше, врз прагот на домот. Го повика Бог чо­векот, облечен во ленена облека и кој имаше на бедрата појас.

4Откр 7,3; 9,4; 14,1И му рече Господ: „Мини по средината на градот, по средината на Еру­салим, и стави им знак на челата на луѓето, оние што жалат, кои воздивнуваат за гадотиите, што се вршат во него.“

5А на другите чув да им каже: „Одете по него во градот и убивајте; вашето око да не жали, и не штедете:

61 Птр 4,17старец, момче и девојка, дете и жена, бијте ги до смрт, но не гибајте ни еден од луѓето кои имаат знак, а почнете од моето светилиште.“ И тие почнаа од старешините што стоеја пред домот.

7И им рече: „Осквернете го домот, наполнете ги дворовите со убиени и излезете.“ Тие излегоа и почнаа да убиваат по градот.

811,13А кога убиваа, јас останав и паднав ничкум, извикав и реков: „О, Господи, зар ќе го истребиш сиот остаток на Израел, изливајќи го гневот Свој врз Ерусалим!?“

98,12И ми рече Тој: „Бесчестието на домот Израелов и Јудин е многу големо; и оваа земја е полна со крв, градот е исполнет со неправда; зашто тие велат: ‚Господ ја остави оваа земја, Господ не гледа.‘

105,11; 11,21; 22,31Затоа и окото мое нема да ги пожали и нема да се смилува; делата нивни ќе ги свртам врз нивните глави.

11И ете, човекот облечен во ленена облека и со мастилница на појасот, од­говори и рече: ‚Извршив како што ми заповеда.‘“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help