1 7,8; 26,1; 61,1; 86,6; 143,1 Слушни ја, Господи, правдата моја, чуј го мојот повик, прими ја молитвата моја што не излегува од лажлива уста.
2Од Твоето присуство нека излезе пресудата за мене; очите Твои нека ја гледаат правдината.
37,9; 26,2; 66,10; 139,1-3.23; Јов 7,18; 23,10Ако го искушаш срцето мое, ако ме посетиш ноќе; ако ме провериш: нема да најдеш злонамерност во мене. Не згреши устата моја,
4Јов 23,12; 27,4како што прават другите; поради зборовите на устата Твоја, јас го одбегнував патот на насилниците.
5Стапките мои беа непоколебливи на патиштата Твои, нозете мои не застранија.
631,2; 86,1; 88,2; 102,2Кон Тебе викам, зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене, и чуј ги зборовите мои.
7Покажи ја чудесната милост Твоја, Ти, кој ги избавуваш оние што се засолнуваат од непријателите – покрај Твојата десница.
836,7; 57,1; 61,4; 63,7; 91,4; 5 Мојс 32,10.11; Зах 2,12; Изреки 7,2; Мт 23,37; Лк 13,34Пази ме како зеница на окото; засолни ме под сенката на Твоите крилја,
9од лицето на нечестивите, кои ме напаѓаат, од непријателите на душата моја, што ме опкружуваат;
1073,7; 119,70тие срцето свое го затворија за милост, а со устата своја – горделиво зборуваат.
11Гонејќи ме, сега ме опколуваат; тие ги управија очите свои за да ме соборат на земја;
127,2; 10,9; 22,13; 35,17; 57,4тие се како лав, подготвен за лов и како лавче, кое стои во заседа.
13Стани, Господи, пресретни ги и собори ги; со Својот меч спаси ја душата моја од нечестивиот,
14а со раката Своја од луѓето, Господи, од луѓето чиј дел е само овој живот. Нека им се наполнат стомаците со твоите добра, нека се наситат нивните синови и нека им остават од вишокот на децата свои.
154,7; 11,7; 73,25-26; 4 Мојс 12,8; Откр 22,4А јас ќе го гледам лицето Твое во правда, ќе се наситам од ликот Твој, кога еднаш ќе се разбудам.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
