Михеј 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 Рута 4,11; Мт 2,6; Јн 7,42 Но ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој ќе владее во Израел и чие потекло е од почетокот, од вечноста.

2Ис 7,14Затоа Тој ќе ги остави до времето додека роди онаа, која треба да роди; тогаш кај синовите Израелови ќе се вратат и нивните други браќа.

3Ќе застане Тој и ќе ги пасе со силата на Господ, со величието на името Господово, својот Бог и тие ќе живеат во мир, зашто тогаш Тој ќе биде велик до краиштата на земјата.

Асирија ќе биде поразена

4 Суд 6,24; Ис 9,5; Амос 1,3; Ефес 2,14 И Тој ќе биде мирот. Кога ќе дојде Ашур во нашата земја и ќе стапи во нашето владение, тогаш ние против него ќе поставиме седум пастири и осум народни кнезови.

51 Мојс 10,8-11; Пс 2,9Тогаш тие ќе ја завладеат земјата Ашурова со меч, и земјата на Нимрод со сабја, и Тој ќе нѐ избави од Ашур, ако дојдат во нашата земја и влезат во пределите наши.

Остатокот од Божјиот народ

6 Ис 4,3; Ос 14,6 А остатокот од Јаков меѓу многуте народи ќе биде како роса од Господ, како ситен дожд по трева. Тој нема да зависи од човек и нема да се потпира на смртници.

7И остатокот на Јаков ќе биде меѓу народите, меѓу многу племиња, како лав меѓу горски ѕверови, како лавче меѓу овчо стадо; и кога ќе се појави, ќе гази и ќе растргнува и никој не ќе може да се спаси од него.

8Тогаш ќе се крене раката Твоја над непријателите Твои и тие ќе бидат истребени.

Истребување на идолите

9 Ос 14,4; Зах 9,10 И во оној ден, вели Господ, ќе ги истребам коњите твои пред тебе и ќе ги уништам колите твои;

10и ќе ги сотрам градовите во твојата земја и ќе ги растурам сите тврдини твои;

11ќе ги истргнам магиите од рацете твои и кај тебе не ќе има веќе вражачи;

12ќе ги уништам идолите и резаните ликови кај тебе и нема веќе да се поклонуваш на творби од рацете твои;

132 Мојс 23,24; 34,13и ќе ги искоренам од твојата средина идолските светилишта и ќе ги разорам градовите твои.

14Во гнев и со јарост ќе се одмаздам над народите што беа непослушни.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help