1Одговори Јов и рече:
213,1„Сум се наслушал на такви работи; никакви утешители сте сите вие!
3Ќе имаат ли крај празните зборови? И што те поттикнало да ми говориш така?
4Мт 27,39И јас можев да зборувам исто како вас, ако вашата душа беше на местото на мојата душа; би се противставувал со зборови против вас и би кимнувал со главата против вас;
5Изреки 27,9би ве поткрепувал со јазикот свој и со движењето на усните свои би ве утешувал.
6Ако говорам, скрбта моја не се сталожува; ако замолчам, зар ќе ме одмине?
7Но сега Ти ме изнемошти. Ти ми ја растури мојата челад.
819,20Ти ме покри со брчки, за сведоштво против мене; мојата истоштеност се крева против мене, в лице ме прекорува.
910,16Гневот Твој ме измачува и непријателствува против мене, ми чкрта со забите; непријателот ги впива очите во мене.
10Ја отвориле устата против мене; навредувајќи ме, ме удираат по образите; сите направиле заговор против мене.
1130,1; 30,12-14Бог ме предаде на беззаконикот и ме предаде во рацете на нечестивите.
12Си бев спокоен, но Тој ме потресе; ме фати за вратот, ме затресе и ме постави за цел на Себеси.
136,4; 7,20; 30,16; 34,6Ме опколија стрелците Негови; Тој ги раскинува моите внатрешнини, без да ме штеди, ја пролева на земјата жолчката моја,
1410,17пробива во мене рана до рана, трча против мене како бесен борец.
15Вреќиште сошив на кожата моја и во прав ја турив главата своја.
1617,7Лицето мое поцрвене од плачење, и на клепките имам смртна сенка,
1731,1-34иако во рацете мои нема крадено, и молитвата моја секогаш била чиста.
181 Мојс 4,10; 37,26; Ис 26,21; Ез 24,7.8Земјо, не криј ја крвта моја; нека мојот повик насекаде се слушне.
19Пс 9,12; Мт 23,35; Дела 18,24И сега, ете, на небото Сведок имам; Застапникот ми е во висините!
202 Мојс 3,7; Пс 79,11Се потсмеваат со мене пријателите мои, а очите ми солзат пред Бога.
21Пс 88,2; 102,2; Плач 3,44; Откр 8,3-4О, да можеше човек да се натпреварува со Бога, како синот човечки со својот ближен!
227,9; 10,21; 14,12Зашто крајот на годините мои доаѓа; на пат без враќање треба да појдам.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
