2 Коринтјаните 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Поздрав

1 , знаејќи дека како што учествувавте во нашите страдања, така ќе бидете учес­ници и во утехата.

81 Кор 15,32; 1 Сол 4,13Браќа, не сакаме да ја затаиме не­волјата што нѐ снајде во Азија; дека бевме оптоварени прекумерно, дури преку нашите сили, ние не се надевавме ни живи да останеме.

94,7; Рим 1,4; 4,17; 8,11; Фил 2,27; Евр 11,19Туку сами во себе ја примивме смртната пресуда за да не се надеваме во се­бе, туку на Бога, Кој ги воскреснува мртвите.

102 Тим 4,18Тој нѐ избави од таква страшна смрт, а и уште нѐ избавува. Во Него се надеваме дека и уште ќе нѐ избавува;

114,15; 9,12; Рим 15,30па со помошта и на вашата молитва за нас многу луѓе да Му благодарат на Бога за даровите што ни се дадени по­ради вас.

Павле ги менува своите планови

12 2,17; Дела 23,1; 1 Кор 1,17; 2,1 Бидејќи нашата пофалба е оваа: сведоштво на нашата совест дека со простодушност и искреност пред Бога, а не со телесна мудрост, туку со Божја благодат живееме на светот, особено, пак, меѓу вас.

13Зашто друго не ви пишуваме, освен она што го читате и разбирате, па се надеваме дека и до крај ќе го разберете,

141 Кор 1,8; Фил 2,16; 4,1; 1 Сол 2,19-20како што веќе донекаде и разбравте дека ние сме ваша пофалба, како и вие наша, во денот на нашиот Господ Исус Христос.

15И со таа увереност се готвев да дојдам кај вас порано, та повторно да при­мите благодат,

161 Кор 16,5и преку вас да заминам за Ма­ке­до­нија, а од Македонија пак да дојдам кај вас, та вие да ме придружите до Јудеја.

171,12; Рим 7,5Но, сметајќи го ова, можеби лес­но­мислено постапив? Или, пак, што се на­канував, по телото ли се наканував, та моето „Да“ да биде и „Не?“

181 Кор 1,9; 10,13Но Бог е сведок дека нашиот збор до вас не беше „Да“ и „Не.“

19Мт 5,37; Дела 16,1; 18,5Зашто Синот Божји, Исус Христос, Кого Го проповедавме меѓу вас јас и Силван и Тимотеј, не беше „Да“ и „Не“, туку во Него беше „Да“,

20Откр 3,14бидејќи сите ветувања Божји во Не­го се „Да“, и во Него „Амин“, за слава Божја преку нас.

2113,13; 1 Кор 1,6; 1 Јн 2,20.27Бог е Оној Кој нѐ утврди со вас во Христос и нѐ помаза;

22Рим 5,5; 6,4; Ефес 1,13-14Тој и нѐ запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши.

23Фил 1,8А јас Го повикувам Бога за сведок на мојата душа дека, штедејќи ве вас, не дојдов во Коринт досега;

246,1; Рим 11,20; 1 Птр 5,2.3но не како ние да владееме со верата ваша, туку сме соработници на ваша­та радост, бидејќи во верата вие сте цврсти.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help