1 ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.
19Ис 22,22И ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата.“
208,4Тогаш Исус им заповеда на учениците Свои да не кажуваат никому дека Тој е Христос.
Исус ги навестува Својата смрт и воскресение(Мк 8,31-33; Лк 9,22)21 17,12.22-23; 20,17-19; 27,63; Лк 13,32-33; Дела 10,40; 1 Кор 15,3-4 Оттогаш почна Исус на Своите ученици да им открива дека Тој треба да отиде во Ерусалим и да пострада многу од старешините, првосвештениците и книжниците и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне.
22А Петар Го повлече настрана, почна да Му говори, зборувајќи: „Биди милостив кон Себе, Господи; тоа со Тебе нема да се случи!“
234,10Но Тој се заврте и му рече на Петар: „Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазна, зашто мислиш не за она што е Божјо, туку за она што е човечко!“
Патот за следбениците на Исус(Мк 8,34–9,1; Лк 9,23-27)24 4,19; 10,38; Лк 14,27 Тогаш Исус им рече на учениците Свои: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе својот крст и нека Ме следи;
2510,39; Лк 17,33; Јн 12,25-26зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде:
26зашто, каква полза е за човек ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости? Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?
278,20; Пс 62,12; Изреки 24,12; Рим 2,6; 2 Сол 1,7Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Отец, со ангелите Свои, и тогаш ќе му даде на секој според делата негови.
2810,23; 24,30.34; 26,64Вистина ви велам: тука стојат некои што нема да вкусат смрт додека не Го видат Синот Човечки како доаѓа во царството Свое.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
