Филипјаните 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Поздрав

1 Дела 16,1; Рим 1,1; 2 Кор 1,1; Гал 1,10; Кол 1,1; 2 Сол 1,1; Јк 1,1; 2 Птр 1,1 Павле и Тимотеј, слуги на Исус Христос, до сите светии во Христос Исус, што се во Филипи, со епископите и ѓаконите:

2Рим 1,7; Гал 1,3благодат и мир вам од Бог, Отецот наш и од Господ Исус Христос!

Изразување благодарност и молитва

3 Рим 1,8-10; 1 Кор 1,4; Ефес 1,16-17; Кол 4,2; 1 Сол 1,2 Му благодарам на мојот Бог секогаш, кога си спомнувам за вас,

43,1; 4,1.4.10– во секоја моја молитва се молам со радост за сите вас –

51,27-30; 4,3.14-18; Рим 15,26-27заради вашето учество во Еванге­ли­ето од првиот ден, па сѐ досега,

61,10; 2,13.16; Јн 4,34; 6,28-29; 1 Кор 1,8; 1 Сол 4,15уверен во тоа дека Оној, Кој го за­почна во вас доброто дело, ќе го доврши сѐ до Денот на Исус Христос.

7Дела 21,33; Рим 1,5И право е да го мислам тоа за сите вас, зашто секогаш ве носам во срце – и кога сум во окови, и кога го бранам и утврдувам Евангелието, бидејќи сите вие сте мои соучесници во благодатта.

8Рим 1,9; 2 Кор 1,23Бог ми е сведок колку многу копне­ам по сите вас со милосрдноста на Исус Христос.

9Кол 1,9-10И се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да изобилува преку познанието и разбирањето на сѐ,

101 Кор 1,8; Ефес 1,4; 1 Сол 3,13; 5,21.23; Евр 5,14за да можете да го распознавате најдоброто, та да бидете чисти и беспрекорни во денот на Христос,

11Јн 15,8; Ефес 1,6.12.14; Евр 12,11; Јк 3,18полни со плодот на праведноста, кој е преку Исус Христос, за слава и пофалба на Бога.

Заробеништвото на Павле и успехот на Евангелието

12 Лк 21,13; Дела 8,1.4 Сакам, браќа, да знаете дека тие ра­боти, што ми се случија, придонесоа за поголем успех на Евангелието,

13Дела 28,30; Ефес 3,1; 4,1; 2 Тим 2,9; Фил 1,9така што во целата преторија и ме­ѓу сите други стана познато дека сум во окови за Христос;

14и дека повеќето од браќата во Гос­под, поттикнати од моите окови, се ос­мелија, без страв да го проповедаат сло­вото Божјо.

15Дела 28,31; 1 Сол 2,2Некои, навистина, од завист и жел­би за кавга, а други од добра волја Го проповедаа Христос:

16едни Го проповедаат Христос од љубов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието.

17А другите имаат желба да се препираат неискрено, мислејќи дека ја на­го­лемуваат тежината на моите окови.

18Другите, пак, проповедаат од љу­бов, знаејќи дека јас сум поставен да го бранам Евангелието.

19Јов 13,16; Мк 13,11; Дела 16,7; Рим 15,30; 2 Кор 1,11Зашто знам дека тоа ќе ми послужи за спасение со вашата молитва и преку дејството на Духот на Исус Христос,

201 Кор 6,12-20; 1 Птр 4,16како што очекувам со нетрпение и се надевам дека во ништо нема да се по­срамам, но со сета моја храброст, како секогаш, така и сега, ќе се возвеличи Христос во моето тело – било со живот, било со смрт.

21Рим 8,10-11; Гал 2,20; Кол 3,3-4За мене, „да се живее“ значи Хрис­тос, а „да се умре“ – придобивка.

22Јн 15,1-8.16; Рим 1,13Ако, пак, живеењето мое во тело ми придонесува плод на делото, тогаш што да одберам не знам.

232 Кор 5,6-9Измачуван сум и од едното, и од другото: сакам да заминам и да бидам со Христос, бидејќи тоа е многу по­доб­ро;

24но да останам во телото е попотребно за вас.

252 Сол 1,3; 1 Тим 4,15Уверен во тоа, знам дека ќе оста­нам и ќе пребивам со сите вас за ваш напредок и радост на верата,

261 Кор 15,31; 2 Кор 1,14та пофалбата ваша во Христос Исус да се умножува преку мене, кога повторно ќе дојдам кај вас.

Постојаност во битката

27 4,3; Гал 5,1; Ефес 4,1-4; Кол 1,10; 1 Сол 2,12; 3,8 Живејте само достојно за Хрис­то­во­то Евангелие, та, ако дојдам и ве видам, или пак во отсуство слушнам за вас де­ка стоите во еден дух, борејќи се едно­душно за верата на Евангелието,

282 Сол 1,4-10и во ништо не се плашите од противниците; тоа е знак за нивната погибел, а за вашето спасение, и тоа е од Бо­га.

29Мт 5,10-12; Дела 5,41; 2 Сол 1,5; 1 Птр 1,6-7Зашто вам ви се даде дар поради Христос не само да верувате во Него, туку и да страдате за Него,

302 Кор 11,24–12,10борејќи се со истата борба, каква што видовте во мене и сега слушате за мене.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help