Броеви 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Израелците во Тавера

1 2 Мојс 14,11-12; 3 Мојс 10,2; 5 Мојс 9,22; Пс 106,23 Народот почна гласно да мрмори против Господ; и Господ чу, па Му се разгоре гневот, и меѓу нив пламна оган Господов и започна да го уништува крајниот дел од логорот.

21 Мојс 20,7; 2 Мојс 32,11-12; 5 Мојс 9,20И повика народот кон Мојсеј; Мојсеј Му се помоли на Господ и огнот прес­тана.

35 Мојс 9,22; Ис 10,17; Јов 1,16И го нарекоа тоа место Тавера, зашто меѓу нив беше пламнал оган Гос­подов.

Народот бара месо

4 2 Мојс 16,3; 1 Кор 10,6 Придојдените меѓу нив почнаа да негодуваат, а заедно со нив и синовите израелски седнаа, плачеа и велеа: „Кој ќе нѐ нахрани со месо?

5Ја помниме рибата што ја јадевме како подарок во египетската земја, крас­тавиците и дињите, и кромидот, и празот, и лукот;

6а сега душата наша се исушила: освен мана, ништо друго пред очите наши.“

72 Мојс 16,14А маната прилегаше на коријандрово семе и изгледаше како бделиум.

8Народот одеше да ја собира и ја мелеше со рачни мелници или ја тол­чеше во вагани, и ја вареше во котли, па правеше од неа питки; по вкус тие личеа на питулици, приготвени со мас­ло.

9Кога ноќе паѓаше роса врз логорот, тогаш паѓаше и мана врз него.

10И чу Мојсеј дека народот плаче по домовите свои, секој пред вратата од колибата своја; и гневот Господов силно се разгоре, и на Мојсеј му стана тешко.

111 Мојс 34,30; 2 Мојс 5,22; 18,18И Му рече Мојсеј на Господ: „Зошто го измачуваш Твојот слуга и зошто не најдов јас милост пред очите Твои, па го стави врз мене целото бреме на овој народ?

122 Мојс 13,5; Ис 40,11Зар јас го носев во утробата своја сиот овој народ, и зар јас го родив, па ми велиш: носи го на раце, како што доилката го носи детето, до земјата, што Ти со клетва им ја вети на предците негови?

13Јн 6,5-9Од каде кај мене месо, па да им дадам на сите овие луѓе, зашто тие плачат пред мене и велат: дај ни месо да јадеме.

142 Мојс 18,18; 1 Цар 3,9Јас сам не можам да го носам сиот овој народ, зашто тој е претежок за мене.

152 Мојс 32,32; 1 Цар 19,5; Ис 38,12; Јов 6,9Штом така постапуваш со мене, по­добро убиј ме ако сум добил милост пред Твоите очи, па да не ја гледам неволјата своја.“

162 Мојс 3,16; 18,21-26; Ис.Н. 1,10; Лк 10,1И му рече Господ на Мојсеј: „Со­бери ми седумдесет мажи од старе­шините израелски, за кои знаеш дека се негови главатари и надзорници, па доведи ги кај скинијата на собранието, за да застанат таму заедно со тебе.

172 Мојс 18,18; 19,20; 1 Сам 10,6; 2 Цар 2,9; Ис 32,15; Агеј 2,5Јас ќе слезам и ќе зборувам таму со тебе, ќе земам од Духот, Кој е врз тебе, и ќе им наредам ним, да го носат заедно со тебе бремето на народот, а не ти сам да го носиш.

182 Мојс 19,10; Пс 78,20А на народот кажи му: очистете се за утрешниот ден, и ќе јадете месо; зашто плачете пред Господ велејќи: – кој ќе не нахрани со месо; добро ни беше во Египет, – затоа Господ ќе ви даде месо, и ќе јадете месо;

19ќе јадете не ден, не два, не пет, не десет и не дваесет дена,

20Ис.Н. 24,27; Суд 8,23; 1 Сам 10,19; Ис 59,13; Пс 78,29; Јов 31,28но цел месец ќе јадете, додека не ви излезе од ноздрите и не ви омрзне, затоа што Го презревте Господа, Кој е меѓу вас, и плачете пред Него, велејќи: – што ни требаше да излегуваме од Египет?“

212 Мојс 12,37И рече Мојсеј: „Шестотини илјади пешаци има во тој народ, среде кој сум јас, а Ти велиш: Јас ќе им дадам месо, и ќе јадат цел месец!

22Мт 15,33; Јн 6,7-9зар треба да се заколат сите овци и волови, па да им биде доволно? Или ќе се собере сета морска риба, па да ги задоволи?“

231 Сам 15,29; Ис 50,2; 59,1; Ез 12,25; 24,14И му рече Господ на Мојсеј: „Зар е раката Господова кратка? Сега ќе видиш, ќе се оствари ли зборот Мој кон тебе, или не!“

Бог им дава од Својот Дух на седумдесетте старешини

24 2 Мојс 19,9; 1 Сам 10,6; 2 Лет 15,1 Мојсеј излезе и му ги кажа на народот зборовите Господови, и собра седумдесет постари мажи меѓу старе­шините народни и ги постави околу скинијата.

251 Сам 10,9-13; Дела 2,3-4; 19,6И Господ слезе во облак и говореше со него, и зеде од Духот, Кој беше над него, и им даде на седумдесетте мажи старешини. И кога слезе над нив Духот, тие почнаа да пророкуваат, но потоа престанаа.

26Откр 1,10Двајца од мажите беа останале во логорот; името на едниот му беше Елдад, а на другиот – Медад; но и над нив беше слегол Духот, и тие пророкуваа во логорот.

27Дотрча едно момче и му јави на Мојсеј, и рече: „Елдад и Медад пророкуваат во логорот.“

282 Мојс 17,9; Ис.Н. 1,1; Мк 9,38-39Во одговор на тоа Исус, син Нави­нов, служител на Мојсеј уште од него­вите млади години, рече: „Господаре мој, Мојсеје, забрани им!“

291 Сам 10,5; Ер 7,25; Јоил 3,1-2; 2 Лет 24,19; Дела 2; 1 Кор 14,5Но Мојсеј му рече: „Зар завидуваш поради мене? О, да беа сите од народот Господов пророци, и да им го испра­теше Господ Својот Дух!“

30Тогаш Мојсеј се врати во логорот, тој и старешините израелски.

Киврот-Таава: потполошки

31 2 Мојс 16,12-13; Пс 78,26-28 Потоа дувна ветар од Господ, и до­несе откај морето потполошки и ги натрупа околу логорот на еден ден пат од едната страна и на еден ден пат од другата страна околу логорот, речиси до два лакта од земјата.

32Се крена народот, и целиот оној ден и цела ноќ и целиот иден ден се собираа потполошки; и оној, кој малку собираше, и тој собра десет гомери: и ги наредија околу логорот.

335 Мојс 9,7; Суд 2,12; 2 Цар 22,17; Ис 10,16Месото беше уште во нивните заби и уште не беше изедено, кога се разгоре гневот Господов против народот, и Господ го порази народот со мошне голем пораз.

345 Мојс 9,22И го нарекоа тоа место: Кив­рот-Таава (гробишта на алчноста), зашто таму го погребаа народот, кој се покажа алчен.

35И се кренаа луѓето од Кив­рот-Таа­ва, па појдоа за Хацерот, и во Хацерот се сместија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help