Броеви 30 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1И им кажа Мојсеј на синовите израелски сѐ што му беше запо­ведал Господ.

Закон за заветите

2И им зборуваше Мојсеј на начал­ниците од племињата на синовите изра­елски, велејќи: „Еве што заповеда Гос­под:

33 Мојс 27,1-10; Мт 5,33

5 Мојс 23,21-24; Суд 11,30-40; Пс 50,14; Проп 5,3-4; Мт 5,32-36‚ако некој Му вети нешто на Господ, или се заколне со клетва, и стави заре­кување на душата своја, да не го ос­кверни зборот свој, туку да изврши сѐ што излегло од устата негова.

4Ако жена даде завет на Господ и се зарече во татковата си куќа, во млади години,

5а таткото нејзин го чуе заветот и зарекувањето нејзино што го наложила на душата своја, па го премолчи таткото нејзин тоа, тогаш сите нејзини ветувања, и секое нејзино зарекување што си го наложила на душата своја, да ги исполни;

6ако таткото нејзин, кога ќе чуе, па ѝ забрани, тогаш сите нејзини завети што си ги наложила на душата своја, да не се исполнуваат, и Господ ќе ѝ прости, бидејќи таткото ѝ ги забранил.

73 Мојс 5,4Ако се омажи, а е обврзана со завет, или се обврзала со збор, излезен од ус­тата нејзина,

8и чуе мажот нејзин, па, откако ќе чуе премолчи: заветите нејзини да се исполнат, и зареците нејзини, исто така да се исполнат;

9ако мажот нејзин, кога ќе ги чуе, ѝ забрани и го отфрли заветот нејзин што го дала, и зборот излезен од устата неј­зина, со кој таа се обврзала, Господ ќе ѝ прости.

10А заветот на вдовица и разведена, какво и да било зарекување да си нало­жила на душата своја, да се исполни.

11Ако жена се заветувала во куќата на мажот свој, или со клетва си нало­жила на душата своја зарекување,

12и мажот нејзин ја чул, а премолчал и не ѝ го забранил, тогаш сите завети нејзини да се исполнат, и секое зарекување што го наложила на душата своја, да се исполни;

13Ефес 5,22; Кол 3,18ако, пак, мажот нејзин, откако ги чул, ги отфрлил, тогаш сите завети неј­зини, излезени од устата нејзина, и зарекувања на душата нејзина, да не се исполнат; мажот нејзин ги уништил, и Господ ќе ѝ прости.

14Секој нејзин завет и секое клетвено зарекување нејзино за смирување на душата своја, мажот нејзин може да го потврди, и мажот нејзин може да го отфрли.

15Ако мажот нејзин молчел од ден на ден, тој со тоа ги потврдил сите ветувања нејзини и сите зарекувања нејзини, со кои се обврзала; ги потврдил, зашто, откако ги чул, молчел за тоа;

16ако, пак, ги отфрлил, откако ги чул, тој го примил врз себе гревот нејзин.‘“

17Тоа се наредбите, кои Господ му ги заповеда на Мојсеј за односите меѓу мажот и жената негова, меѓу таткото и ќерката негова во млади години, во куќата на нејзиниот татко.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help