2 Самоилова 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Службениците на Давид обесчестени

1 1 Лет; 19,1-19 По извесно време умре амонскиот цар, и наместо него стана цар синот негов Анон.

21 Сам 11,1-11; 12,12И Давид рече: „Ќе покажам ми­лост кон Анон, Нахасовиот син, за добрината што ми ја направи него­виот татко.“ Па ги испрати Давид слугите свои да го утешат Анон поради татко му. И Давидовите слуги отидоа во земјата на Амониевите синови.

3Но амонските кнезови му рекоа на господарот свој Анон: „Зар мислиш дека Давид од почит кон татко ти ис­пратил кај тебе утешители? Да не ги испратил Давид слугите свои кај тебе за да го прегледаат градот и да видат во него сѐ и сешто, па да го разурнат?“

4Ис 15,2; 20,4И Анон ги фати Давидовите слуги и на секого од нив му ја избричи поло­вината од брадата и им ги потсече алиш­тата на половина, до крстот и ги пушти.

5Кога му јавија за тоа на Давид, тој испрати луѓе да ги пречекаат, бидејќи беа многу обесчестени. И царот заповеда да им кажат: „Останете во Ерихон додека да ви пораснат брадите, и тогаш вратете се.“

Војна против Амонците и Арамејците

6 8,3.5; Суд 18,28 Видоа Амонците дека станаа на­мразени кај Давид; па испратија Амон­ците луѓе да најмат Арамејци од Бет-Рехов и Арамејци од Цова – дваесет илјади пешаци, од царот Мааха – илјада души и од Тов – дванаесет илјади души.

7Кога Давид слушна за тоа, го испрати Јоав со сета храбра војска.

8Излегоа Амонците и се распоредија за борба кај портите, а Арамејците од Цова и Рехов, како и луѓето на Тов и Мааха се задржаа одделно во полето.

9Кога виде Јоав дека непријателската војска се распоредила спроти него и отспреди и одзади, ги одбра најистакнатите израелски мажи, и ги распореди против Арамејците;

10а другиот дел од луѓето му ги довери на братот свој Авеса, да ги построи против Амонците.

11Тогаш рече Јоав: „Ако Арамеј­ците почнат да ме надвиваат, ти ќе ми помогнеш; ако, пак, Амонците поч­нат да те надвиваат тебе, јас ќе ти дојдам на помош;

12Ис.Н. 1,6; 1 Сам 4,9; 1 Цар 2,2; 1 Кор 16,13биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ ќе го направи она што е добро во Неговите очи.“

131 Цар 20,13-21И влезе Јоав, и народот што беше со него, во борба против Арамејците, и тие избегаа од него.

14Амонците, пак, кога видоа дека Арамејците бегаат, избегаа од Авеса и влегоа во градот. И Јоав се врати од Амонците и дојде во Ерусалим.

158,3-8Арамејците штом видоа дека Изра­елците ги разбија, се собраа сите наедно.

16И Адраазар испрати гласници за да ги повика Арамејците што беа од онаа страна на Еуфрат, и, ете, дојдоа до Хелам; а Совак, Адраазаров воен на­чалник, ги предводеше.

17Кога му јавија за тоа на Давид, тој ги свика сите Израелци, го премина Јордан и стигна до Хелам. Арамеј­ците се распоредија против Давид и се судрија со него.

18Арамејците избегаа од Израел­ците, а Давид уништи седумстотини арамеј­ски бојни коли и уби четирие­сет илјади коњаници, удри по вој­сководачот Со­вак, и тој таму умре.

19Кога сите потчинети цареви на Адраазар видоа дека Израелците ги разбија, склучија со Израелците мир и им се покорија. И Арамејците веќе се плашеа да им помагаат на Амонците.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help