Амос 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Израел ќе биде казнет

1 Ис 28,1-4; Ер 5,12-13; Лк 6,24 Тешко им на оние што се опуштиле во Сион и на оние што се чувствуваат сигурни на Гората Самарјанска, кои се првенци во народот, и при кои доаѓа домот Израелов!

2Ис 10,9-10Минете во Калне и видете, оттаму одете во Великиот Хамат и спуштете се во Гет филистејски: зар вие сте подобри од овие царства? Нели се пошироки нивните предели од вашите предели?

3Тешко вам, кои сметате дека е да­леку злочестиот ден, а правите да се приближи власта на насилството,

43,15вие, кои лежите на легла од слонова коска и се оптегате на постелите свои, вие, кои јадете најдобри овни од стадото и телиња од богато пасиште,

5Неем 12,36; 1 Лет 23,5вие, кои врескате по звукот на хар­фа, мислејќи дека свирите како Давид,

62,8; 4,1вие, кои пиете вино од врчви, се мачкате со најдобри масла и не ве боли срцето за пропаста на Јосиф!

77,11; Откр 18,14Затоа сега вие ќе појдете први во ропство пред заробените, и ќе се заврши ликувањето на разнежените.

84,2; Ис 28,1Се колне Господ Бог Сам во себе и вака вели Господ, Бог Саваот: се гнасам од гордоста на Јаков и ги мразам двор­ците негови, и ќе го предадам градот и сѐ, што го исполнува.

92,14-16; 5,3И, ако во некоја куќа останаа десет души, и тие ќе умрат.

108,3; Авак 2,20; Соф 1,7; Зах 2,17; Откр 8,1Ќе ги земе роднината нивни, за да ги изнесе коските нивни од куќите, па ќе го прашаат оној, кој стои пред ку­ќата: „Има ли уште некого?“ Тој ќе одговори: „Нема никого“. И овој ќе рече: „Молчи, зашто не бива да се спомнува името Господово.“

119,1Зашто, ете, Господ ќе даде заповед и ќе ги сосипе големите куќи на парчиња, а малите на остатоци.

125,7Трчаат ли коњите по карпа? Може ли морето да се изора со волови? Вие, пак, го превртувате правосудството во отров, а плодот на правдата – во горчина;

135 Мојс 8,17; Ис.Н. 24,12; Ис 10,13-15вие, што се восхитувате од ништо и од никакви работи и велите: „Зар не спечаливме со силата на својата моќ?“

142 Цар 17,5-6Еве, Јас, вели Господ Бог Саваот, ќе подигнам народ против вас, доме Израелов и ќе ве угнетуваат од влезот во Емат до потокот во рамнината.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help