Исаија 14 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Божјиот народ ќе се врати

1 56,3.6; 61,5; Ез 37,14; Зах 2,15 Блиску е времето негово, нема да задоцнат дните негови; зашто Господ ќе го помилува Јаков и пак ќе го засака Израел; ќе ги насели во земјата нивна, ќе се присоединат кон нив туѓин­ци и ќе се прилепат кон домот Јаковов.

249,22; 66,20; Соф 2,9; Зах 2,13Ќе ги земат народите и ќе ги одведат на местото нивно; домот Израелов ќе ги присвои на земјата Господова ка­ко робови и робинки, ќе ги земе во плен своите пленители и ќе владее над своите угнетувачи.

Смрт на Вавилонскиот цар

3 2 Мојс 33,14; Ис.Н. 1,13; 22,4; Ер 30,10 Во оној ден, кога Господ те от­тргна од скрбта твоја, од стравот и од теш­кото ропство, под кое беше заробен,

4Ер 50,23-24; Ез 26,17; Авак 2,6; Плач 1,1; Откр; 18,9-19ти ќе запееш победничка песна против вавилонскиот цар и ќе речеш: како исчезна мачителот и прекина тиранијата!

59,4; Ер 48,17; Пс 125,3Господ го скрши жезолот на нечес­ните, скиптарот на владетелите,

6кој јаросно ги поразуваше народите со бескрајни удари, гневно вла­дееше над племињата свои со неза­држливо прогонување.

744,23; Ер 51,48; Авак 2,20; Откр 18,20; 19,1-2Целата земја здивна, почива, вос­кликнува од радост;

855,12; 2 Цар 19,23; Ез 31,16и кипарисите се радуваат за тебе и кедрите леванонски, велејќи: откако падна ти, никој не доаѓа да нѐ сече.

94 Мојс 16,33; Ез 32,18-32Подземјето одоздола се раздвижи за­ради тебе, за да те пречека при твоето влегување; со тебе се разбудија сите во­дачи на земјата, изместувајќи ги сите цареви незнабожечки од престолите нивни.

10Сите тие ќе ти говорат: и ти стана бессилен како нас! И ти стана сличен на нас.

11Јов 21,26Гордоста ти е симната во пеколот, со сиот твој шум; под тебе има гнилеж за постилка, а црви се твојата покривка.

12Лк 10,18; Јн 12,31; Откр 8,10; 9,1; 12,9; 22,16Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите.

13Ер 51,53; Пс 48,2; 139,8; Лк 10,15А во срцето свое си велеше: „Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам прес­толот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на бого­вите, на крајот од северот;

141 Мојс 3,5; Ез 28,2; Дан 11,36; 2 Сол 2,4ќе се искачам до висините на обла­ците, ќе бидам рамен на Севиш­ниот.“

15Ез 31,16-18; 32,18-32; Мт 11,23Но ти си соборен во пеколот, во дното на јамата.

16Оние што ќе те видат, ќе се загле­даат во тебе, ќе си речат за тебе: тоа ли е човекот, кој земјата ја раз­нишуваше и царства потресуваше,

17вселената во пустина ја претвори и ги разрушуваше градовите нејзини, робовите не ги пушташе по домовите нивни?

18Јов 3,15Сите царства на народите, сите почиваат со чест, секој во својата гробница;

1934,3; Ер 8,1; 22,19; 31,40а ти си фрлен надвор од гробот како отпадок, покриен со убиени, погубени со меч, што ги спуштаат во камени гробници, – како изгазен труп,

201,4нема да се соединиш со нив во гробот; зашто ти ја разори земјата своја, го уби народот свој: племето на злодејците никогаш нема да се спомне.

212 Мојс 34,7Гответе клање за синовите негови поради беззаконието на таткото нивни, за да не востанат и да не завладеат со земјата и да не ја наполнат вселената со непријатели.

224,3; 4 Мојс 10,35; Пс 12,5; 68,2; Јов 18,19„И ќе станам против нив, – вели Господ Саваот, – и ќе го истребам името на Вавилон и целиот остаток – и син, и внук, вели Господ.

2334,11; Соф 2,14Ќе им го дадам во посед на ежо­вите и мочуриштата, ќе го изметам со истребувачка метла, вели Господ Саваот.“

Асирија ќе биде казнета

24 40,8; Изреки 19,21 Со клетва вели Господ Саваот: „Ка­ко што намислив, така и ќе биде; како што решив, така и ќе стане,

259,3; 10,27; Пс 44,5за да го погубам Ашур во Мојата земја и да го изгонам од Моите гори; ќе падне од нив јаремот негов, и товарот ќе се симне од рамењата нивни.“

26Соф 3,8Такво е решението, определено за целата земја, и еве ја раката, протегната врз сите народи;

27Дан 4,32зашто Господ Саваот решил, и кој може да го измени тоа? Раката Негова е протегната, – и кој ќе ја врати?

Филистејците ќе бидат казнети

28Во годината, кога умре царот Ахаз, имаше вакво пророчко слово:

2910,5.20; 59,5; 2 Лет 28,18„Немој да се радуваш, земјо филистејска, дека е скршен жезолот, кој те поразуваше, зашто од змискиот корен ќе излезе отровница и плодот нејзин ќе биде змеј што лета.

3029,19Тогаш најбедните ќе бидат нахра­нети, немоќните ќе си почиваат во безо­пасност; а твојот корен со глад ќе го уморам, и тоа ќе го убие твојот остаток.

3120,1; Ер 1,13Плачете, порти, викај граде, на глас! Ќе се раздробиш ти, цела земјо филистејска; зашто од север иде дим, нема изморен во нивните војски.

32Соф 3,12; Пс 87,5; 102,17А што ќе соопштат известувачите народни? – Тоа дека Господ го утврдил Сион, и дека во него ќе најдат засолниште сиромасите од народот Негов.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help