2 Летописи 34 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Обновата за владеењето на царот Јошија(2 Цар 22,1-2)

1 1 Лет 3,14 Јошија имаше осум години, кога стана цар, и царуваше во Еру­салим триесет и една година.

2Тој го правеше она што беше угодно пред очите Господови, одеше по патиш­тата на својот предок Давид и не скрш­нуваше ни лево ни десно.

Чистка на идолските светилишта

3 1 Лет 16,11 На осмата година од царувањето свое, бидејќи уште беше момче, почна да Го бара Бога на својот предок Давид, а во дваесеттата година почна да ја чисти Јудеја и Ерусалим од идолските светилишта, од посветените дрвја и од извајаните и излеаните идоли.

42 Мојс 34,13; 3 Мојс 26,30Зашто пред лицето негово ги раз­рушија жртвениците на Вааловци и идолите, што се издигаа над нив; ги исече посветените дрвја, а извајаните и излеаните идоли ги скрши и разби во прав, растурајќи ги по гробовите на оние, што им беа принесувале жртви;

51 Цар 13,2коските на жреците ги изгоре врз нивните жртвеници, ја исчисти Јудеја и Ерусалим.

6Во градовите на Манасија, Ефрем и Симеон, дури до коленото Нефта­лимово, и во нивните опустошени околини,

72 Мојс 32,20тој ги собори жртвениците и посве­тените дрвја, ги разби во прав ликовите и ги скрши сите идоли по целата изра­елска земја, и се врати во Ерусалим.

Пронајдена Книгата на Законот Господов(2 Цар 22,3-20)

8На осумнаесеттата година од царувањето свое, откако беше исчистена земјата и Божјиот дом, тој го испрати Сафан, синот Ацалиев, Маасејаху, гра­доначалникот, и Јоах, син Јоаха­зов, писар, за да го обноват домот на Господ, нивниот Бог.

9Тие отидоа кај првосвештеникот Хелкија и го предадоа принесеното во Божјиот дом, што го беа собрале левитите, стражари кај прагот, од рацете на Манасија, Ефрем, од сите други Изра­елци, од синовите на Јуда и на Венија­мин и од жителите ерусалимски.

10Го дадоа тоа во рацете на надгледниците, одредени во домот Господов, да го раздаваат на работниците, што ќе работат во Господо­виот дом на поправ­ката и обновувањето на домот.

11И тие им раздаваа на дрводелците и ѕидарите, за да купуваат делкани камења и дрвја за врски и за покривање на зградите кои јудејските цареви ги беа разрушиле.

12Тие луѓе чесно ја вршеа својата ра­бота, а за надзорници над нив беа поставени Јахат и Авдија, левити од Мерариевите синови, и Захарија и Ме­шулам од Каатовите синови, и сите ле­вити, што умееја да свират на музички направи.

131 Лет 23,4Тие беа одредени над носачите и ги надгледуваа сите работници кај секоја работа: а другите левити беа и писари, и надгледници, и вратари.

14Кога го вадеа среброто, што беше принесено во Господовиот дом, свеш­теникот Хелкија ја најде Книгата на Законот Господов, даден преку Мојсее­вата рака.

15Езд 7,6; Неем 8,1Проговори Хелкија, па му рече на писарот Сафан: „Ја најдов Книгата на Законот во домот Господов.“ Хелкија му ја даде книгата на Сафан.

16А Сафан ја однесе книгата кај царот и притоа му ја донесе на царот оваа вест: „Твоите слуги вршат сѐ што им е таму наредено.“

17Го истурија среброто, што се наоѓаше во домот Господов, и го предадоа во рацете на надгледниците и во рацете на работниците.

18Писарот Сафан му јави уште на царот и рече: „Оваа книга ми ја даде свештеникот Хелкија.“ И Сафан ја прочита пред царот.

195 Мојс 28,6-9; Ис 36,22Кога ги чу царот зборовите на законот, ја раскина својата облека.

20И му заповеда царот на Хелкија и на Ахикам, син Сафанов, на Авдон, син Михеев, и на писарот Сафан и на цар­скиот слуга Асаја, велејќи:

21Ез 36,18„Одете и прашајте Го Господ за мене, за другите во Израел и за Јуда заради зборовите на таа најдена кни­га, зашто голем е гневот Господов, кој пламна врз нас, затоа што татковците наши не ги запазија Господовите збо­рови, за да постапуваат според она што е напишано во таа книга.“

222 Мојс 15,20; Неем 6,14Тогаш Хелкија и оние, што беа ис­пратени од царот, отидоа кај проро­чицата Хулда, жена на Селум, син на Токхат, син на Асра ризнича­рот, – а таа живееше во новиот дел на Ерусалим, – и говореа со неа за тоа.

23Таа им рече: „Вака вели Господ, Бог Израелов: кажете му на оној човек, што ве испратил кај мене.

24Ис 3,9; Ер 40,2Вака вели Господ: ‚ете, ќе испратам зло врз ова место и врз жителите негови – сите проклетства, напишани во книгата, што ја читаа пред лицето на јудејскиот цар,

25Ер 22,9поради тоа што Ме оставија и кадеа на други богови, за да Ме разгневат со сите дела на рацете свои. Затоа гневот Мој ќе се разгори над ова место и нема да згасне.‘

26А на царот јудејски, кој ве испрати да Го прашате Бога, кажете му: ‚вака вели Господ, Бог Израелов, за зборо­вите, што си ги чул:

272 Мојс 10,3бидејќи срцето ти омекна, и ти се понизи пред Господ, откако чу што ве­ли Тој за ова место и за жителите не­гови, и понизувајќи се пред Мене и ја раскина облеката своја и плачеше пред Мене, затоа и Јас те слушнав, вели Господ.

28Ете, Јас ќе те приберам кај предците твои, и ќе бидеш положен со мир во гробницата своја, и очите твои нема да го видат сето она зло, што ќе го испратам врз ова место и против жителите негови.‘“ И му го однесоа одговорот на царот.

Заветување на послушност кон Бога(2 Цар 23,1-20)

29Тогаш царот заповеда да се соберат сите старешини од Јудеја и Ерусалим,

30па отиде царот во домот Господов, и со него сите Јудејци и жителите еру­салимски, и свештени­ците, и левитите, и сиот народ, од голем до мал; и им ги прочита тој гласно сите зборови од Книгата на заветот, најдена во домот Господов.

312 Цар 11,17Потоа царот се исправи на местото свое и склучи завет пред лицето на Господ – да Го следат Господа и да ги запазат од сѐ срце и со сета душа за­поведите Негови, откровенијата негови и законите Негови, та да ги извршат зборовите на заветот, напи­шани во таа книга.

32И царот им заповеда на сите, што беа во Ерусалим и во земјата Венија­минова, да го потврдат тоа; и почнаа жителите ерусалимски да постапуваат според заветот на Бога, Бог на нивните предци.

335 Мојс 18,9И ги отстрани Јошија сите гадо­тии од сите земји на израелските синови, и им заповеда на сите во земјата израел­ска да Му служат на Господ, својот Бог. И во сите денови на животот негов тие не отстапуваа од Господ Бог на нивните предци.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help