Броеви 22 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Народот на Израел во рамнините моавскиИсторијата на Валаам: апелот на царот

1 5 Мојс 32,49; Ис.Н. 2,7 Тогаш синовите израелски тргнаа и се настанија во западниот дел на Моав, од другата страна на Јор­дан, спроти Ерихон.

231,8.16; 5 Мојс 23,5-6; Ис.Н. 24,9-10

Суд 11,25; Мих 6,5; Откр 2,14И Валак, синот Ципоров, виде сѐ што им беше направил Израел на Аморејците.

32 Мојс 15,15; Јов 5,25И Моавците многу се уплашија од тој народ, бидејќи беше многуброен; затоа тие многу се уплашија од си­новите на Израел.

4Тогаш Моавците им рекоа на мидјанските старешини: „Овој народ сега истребува сѐ околу нас, како што воло­вите ја изедуваат полската трева.“ А Валак, синот Ципоров, беше моавски цар во тоа време.

52 Мојс 13,3; Ис.Н. 13,22; Неем 13,2; 2 Птр 2,15Тој испрати пратеници кај Валаам, синот Беоров во Петор што е крај Реката во земјата на неговите предци, да го повикаат и да му кажат: „Ете, народот што дојде од Египет, го покри лицето земно, и сега се смести близу до мене.

6Затоа дојди и проколни го тој народ, бидејќи се посилни од мене: тогаш можеби ќе бидам во состојба да ги поразам и да ги изгонам од земјата моја; бидејќи знам дека кого ќе го благо­словиш ти, тој е благословен, и кого ќе го проколнеш, тој е проколнат.“

7И отидоа моавските старешини и старешините мидјански со подароци во рацете за врачувањето и дојдоа при Ва­лаам и му ги соопштија Валаковите зборови.

8И тој им рече: „Преспијте ноќеска овде, и јас ќе ви одговорам што да правите, онака како што ќе ми рече Господ.“ И моавските старешини оста­наа кај Валаам.

91 Мојс 20,3И дојде Бог кај Валаам и му рече: „Кои се оние луѓе кај тебе?“

10Валаам Му одговори на Бога: „Моавскиот цар Валак, синот Ципоров ги испратил кај мене да кажат:

11Ете, народот што дојде од Египет, го покри земното лице; дојди, па, про­колни го; тогаш можеби ќе можам да го поразам и да го изгонам.“

121 Мојс 12,2И му рече Бог на Валаам: „Не оди со нив, не проколнувај го тој народ, бидејќи е благословен.“

13И утрината стана Валаам и им рече на кнезовите Валакови: „Вратете се во својата земја, зашто Бог не ми дозволува да одам со вас.“

14Тогаш моавските кнезови станаа и се вратија при Валак, и му рекоа: „Ва­лаам не сакаше да дојде со нас.“

15И Валак пак испрати кнезови, повеќе и со поголема чест од првите.

16И тие дојдоа кај Валаам и му рекоа: „Вака вели Валак, синот Ципоров: ‚те молам, не откажувај да дојдеш кај мене;

17ќе ти укажам големи почести и ќе направам сѐ што ќе ми кажеш; па дојди и проколни го тој народ.‘“

181 Цар 22,14; Ер 42,4; Јов; 28,15-19; 1 Лет 18,13Валаам одговори и им кажа на слугите Валакови: „Да ми ја дадеше Валак и куќата своја, полна со злато и сребро, не можам да ја прекршам заповедта на Господ Бог, и да извршам нешто мало или големо;

19но сепак, останете и вие тука оваа ноќ, и јас ќе разберам што уште ќе ми каже Господ.“

201 Мојс 20,3; 1 Лет 18,13И дојде ноќта Бог кај Валаам и му рече: „Ако овие луѓе дошле да те викаат, стани, оди со нив; но прави го само она што ќе ти го речам Јас.“

21Утрината Валаам стана, ја оседла магарицата своја и тргна со моавските кнезови.

Магарицата на Валаам

22 1 Мојс 16,7; 2 Мојс 4,14 И пламна јароста Божја, затоа што тргна тој, и застана ангел Господов на патот, за да му попречи. Тој јаваше на магарицата своја, а со него и двајца слуги негови.

23Ис.Н. 5,13И магарицата го виде ангелот Гос­подов, застанат на патот со извлечен меч во раката, па скршна од патот и тргна по полето; а Валаам почна да ја удира магарицата, за да се врати на патот.

24И застана ангелот Господов на еден тесен пат меѓу лозјата, оградени, и од едната, и од другата страна.

25Магарицата кога го виде ангелот Господов, се прилепи кон оградата и ја притисна ногата на Валаам; и тој пак почна да ја тепа.

26Но ангелот Господов пак се тргна и застана на тесно место, каде што не­маше каде да се скршне – ниту надесно, ниту налево.

27Магарицата, кога го виде ангелот Гос­подов, легна под Валаам. И се раз­гневи Валаам и пак почна да ја тепа магарицата со стапот.

282 Птр 2,16Тогаш ја одврза Бог устата на магарицата и таа му рече на Валаам: „Што ти направив, та ме тепаш еве веќе третпат?“

29Изреки 12,10; Мт 15,19Валаам ѝ рече на магарицата: „За­тоа што се подигра со мене; да имав во раката меч, сега ќе те прободев.“

30А магарицата му рече на Валаам: „Нели сум јас твојата магарица, која ти ја јаваш од младоста твоја до денес? Сум ти правела ли вака досега?“ Тој одговори: „Не.“

311 Мојс 21,19И му ги отвори Господ очите на Валаам, и тој го виде ангелот Господов, застанат на патот со извлечен меч во раката, се поклони и падна ничкум.

322 Кор 1,17И му рече ангелот Господов: „Зош­то ја тепаш магарицата еве веќе трипати? Јас излегов да ти го попречам патот, зашто патот твој не Ми е по волја!

33И магарицата, кога ќе ме видеше, скршнуваше од мене еве веќе трипати; ако не скршнуваше од мене, ќе те убиев, а неа ќе ја оставев жива.“

341 Мојс 39,9; 1 Сам 15,24.30; Пс 51,3; Јов 33,27И му рече Валаам на ангелот Гос­подов: „Згрешив, бидејќи не знаев дека Ти стоиш на патот пред мене; и сега, ако тоа Ти е неугодно, јас ќе се вратам.“

35И му рече ангелот Божји на Ва­лаам: „Оди со овие луѓе; само зборувај го она што Јас ќе ти го кажувам.“ И отиде Валаам со Валаковите кнезови.

Средба меѓу Валаам и Валак

36Валак, кога чу дека доаѓа Валаам, излезе да го пречека во моавскиот град, кој е во Арнонските предели, при самиот крај.

37И му рече Валак на Валаам: „Нели испратив јас при тебе да те викаат, зошто не дојде кај мене? Или зар не можам да ти укажам почести?“

38Ер 1,9И му рече Валаам на Валак: „Ете, јас дојдов кај тебе, но можам ли да кажам нешто од себеси? Она што Бог ќе го вложи во устата моја, тоа и ќе го кажувам.“

39И тргна Валаам со Валак, и влегоа во Кирјат-Хуцот.

40Ез 45,23И закла Валак волови и овци и му испрати на Валаам и на кнезовите, кои беа со него.

Валаам го благословува народот на Израел

41А утрината Валак го зеде Валаам и го качи на Бамот-Ваал, за да види оттаму еден дел од народот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help